Почетна » Новости » Занимливости » Божиќна реклама за маж кој учи да вози скејтборд за да има исто хоби со девојче кое ќе го згрижи

Божиќна реклама за маж кој учи да вози скејтборд за да има исто хоби со девојче кое ќе го згрижи

John Lewis секоја година нè разнежнува со божиќните реклами, па и оваа година не направи исклучок. Британската компанија во фокусот на новото празнично видео стави приказна за важноста на згрижувањето и ја подигнува свеста за младите лица во згрижувачки семејства.

„The Beginner“ (Почетникот) прикажува средовечен маж кој дава сè од себе за да научи да вози скејтборд. На крајот, се дознава дека целиот негов труд и сите повреди се за девојче кое ќе го згрижат со сопругата, а кое има страст за скејтбординг.

„Над 108.000 деца во Велика Британија се во системот за згрижување. Ние долгорочно се залагаме за поддршка на иднината на младите лица во згрижувачки семејства“ – стои на крајот од видеото.

John Lewis реклама John Lewis реклама John Lewis реклама John Lewis реклама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.