Почетна » Новости » Занимливости » „Божиќ никогаш не завршува, само менува бои“: Жена ја кити елката за секој празник во годината

„Божиќ никогаш не завршува, само менува бои“: Жена ја кити елката за секој празник во годината

Жена, која го обожава Божиќ, ја декорира елката на различен начин за секој празник во годината.

Надиа Колучи од Сан Диего одлучила да го започне овој креативен личен проект откако се преселила во нова куќа во 2018 година. Кога требало да ја собере елката по Нова Година, таа чувствувала тага и празнина. Не можела да пронајде нешто што би ја заменило нејзината елка, па таа одлучила да ја задржи во текот на цела година и да ја декорира за сите празници и специјални настани. Резултатот е забавен.

Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи

„Кога дојде јануари, отидов да ја соберам мојата елка и почувствував голема тага. Куќата ми беше многу празна! Не можев да го замислам тој агол без моето дрво и немав идеја што да ставам наместо него. Си реков зошто да не го декорирам за секој празник во годината... На некој начин, Божиќ никогаш не завршува... само ги менува боите“ – објаснила таа.

Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи Надиа Колучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.