Почетна » Новости » Занимливости » „Божиновски часовници и накит“ по четврти пат избран за најдобар трговски објект

„Божиновски часовници и накит“ по четврти пат избран за најдобар трговски објект

„Божиновски часовници и накит“ по четврти пат е избран за најдобар трговски објект во категоријата Модни дотатоци и накит, избор кој традиционално секоја година го организира Град Скопје.

„Признанието кое го добиваме по четврти пат претставува најдобар показател дека стремежот кон перфекционизам кој како бренд постојано се обидуваме да го постигнеме е вистинскиот начин да успееме од година во година да бидеме подобри од самите себе и никогаш да не ја прифаќаме комфор зоната како пријатно место за престој. Оваа награда е само уште еден мотив повеќе уште од утре да ја продолжиме да бидеме уште подобри и уште по инвентивни во начинот на кој што го изложуваме нашиот асортиман“ – изјавија од Божиновски часовници и накит.

Божиновски

Од компанијата додаваат дека за да се постигне чувството кон кое се стремат не е пресуден само добриот дизајн на просторот туку заедно со беспрекорната услуга кај секој посетител на нивниот салон треба да предизвика чувство на припадност кон светот на часовниците и накиот.

„Целта на нашата компанија не е само обичната продажба на часовници и накт, туку имаме многу посилна мисија со посетителите да ја споделиме пасијата кон часовничарството и високата естетика и тие кај нас нема да видат само производи од врвни брендови, туку ќе слушнат приказни за пасијата зошто нашите брендови се врвни во својата категорија и како можат да го пронајдат својот карактер во истите“ – потенцираат од Божиновски часовници и накит.

Божиновски Божиновски Божиновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26296 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.