Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка која патува низ светот откри дека друга девојка ја следи и потполно ги копира нејзините фотографии

Блогерка која патува низ светот откри дека друга девојка ја следи и потполно ги копира нејзините фотографии

Лорен Булен и нејзиното момче Џек Морис се познати блогери на Instagram, кои споделуваат импресивни фотографии од своите патувања. Па, не е чудно што заедно имаат над 2 милиони следбеници.

23-годишната девојка вели дека преку фотографиите сака да ги инспирира своите фанови, но дека неодамна открила своја „имитаторка“ која го следи секој нејзин чекор. Всушност, другата девојка со нејзиниот партнер патуваат на истите места на кои претходно биле Лорен и Џек и до детаљ ги пресоздаваат нивните фотографии.

Блогерки Блогерки

„Кога девојка патува низ светот пресоздавајќи ги твоите слики повторно и повторно, започнуваш да се загрижуваш... Разбирам да се најде инспирација во она што го правам, но ова ме шокира“ – пишува Лорен на својот блог.

Блогерки Блогерки

Неверојатно е колку време и средства има вложено другата девојка за да ги копира фотографиите до најмал детаљ, како облека, пози и модни додатоци и да патува на примамливи дестинации како Мароко, Грција и Сахара.

Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки Блогерки

Откако Лорен јавно ја сподели приказната за копирањето, другата девојка го направи својот профил приватен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.