Почетна » Новости » Занимливости » „Благој Ѓорев“: Мелена сол за кулинарски специјалитети

„Благој Ѓорев“: Мелена сол за кулинарски специјалитети

Успешната македонска компанија „Благој Ѓорев“ го збогатува своето портфолио со уште еден производ – зачинот „мелена сол“. Покрај добро познатите „Кристал“ масло за јадење и „Кристал“ маргарин, како и останатите висококвалитетни производи за широка потрошувачка, и овој нов зачин со ароматичен мирис и специфичен вкус ќе се потруди да ги освои срцата на потрошувачите.

Мелена сол

Мелена сол е зачин во чиј состав влегуваат неколку ароматични билки. Во фабриката на „Благој Ѓорев“ се произведува по традиционална рецептура, со природни зачини грижливо одгледани и собрани во погодните сезони, без вештачки додатоци или засилувачи на вкус, по современ начин на производство и во согласност со безбедносните стандарди за квалитет. Откако сите билки потребни за производството на оваа сол се собираат и сушат постепено на ниска температура, се мелат сѐ додека смесата нѐ стане како брашно. На оваа смеса ѝ се додаваат чубрика и црвен пипер, како и други традиционални ароматични билки. Мелената сол се нуди во две варијанти, односно вкусови - блага и лута.

„Драго ни е што семејството на производи на Благој Ѓорев е побогато за уште еден член. Мелената сол традиционално е еден од омилените зачини за Македонците, но и еден од најкарактеристичните зачини за овој регион воопшто. Претставува идеален додаток во готвењето на најразлични салати, супи, печено месо, компири, леб, разни зеленчуци, сосови за тестенини и др. при што јадењата добиваат пријатен мирис и одличен вкус. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за Благој Ѓорев да остане брендот кој потрошувачите го преферираат и го сакаат“ – изјавија од компанијата.

Рецептот за приготвување на мелената сол е различен во различни краеви во Македонија. Оригиналниот рецепт е од Кратово и доаѓа директно од падините на Осоговските Планини во Македонија, а се меша со сол директно од Егејското Море. Мелената сол во Македонија е позната и како толчена, шарена или к`цана сол. Традиционалниот рецепт, како и количината на различните билки се пренесува низ генерациите и се чува во тајност.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.