Почетна » Новости » Занимливости » „БиМилк“: ФИТ јогурт за активен животен стил

„БиМилк“: ФИТ јогурт за активен животен стил

Современиот и динамичен животен ритам секојдневно ја троши нашата енергија, но дали соодветно ја обновуваме? Правилниот начин на исхрана бара внимание, посветеност и пред сè познавање на потребите на нашиот организам за здрави и хранливи материи. Сите сакаме да се храниме здраво, но и да уживаме во вкусни јадења без да размислуваме за комплицирани режими на исхрана и диети. Оттука, сè поголема е потребата од производи со избалансирана хранлива вредност, без прекумерни маснотии и калории за консумирање во текот на денот.

ФИТ јогурт

Новиот ФИТ јогурт на „БиМилк“ е создаден токму како одговор на потребите на луѓето со активно секојдневие. Трите основни карактеристики и предности на овој производ се кремкастиот вкус, богатството на протеини и ниското ниво на масти и калории.

За оние кои сакаат да бидат во добра форма, здрави и витки, подготвени за предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, ФИТ јогуртот од денеска е веќе во продажба во пакувања од 150 грама со енергетска вредност од само 99 калории.

ФИТ јогуртот претставува вкусна и „лесна“ ужина која ќе ги надополни вашите потреби од протеини, калории и хранливи материи во пролетните денови исполнети со активности, спортување и тренинзи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.