Почетна » Новости » Занимливости » Бизнисмен дал отказ откако малата ќерка му одржала важна лекција

Бизнисмен дал отказ откако малата ќерка му одржала важна лекција

Понекогаш мали случки поттикнуваат огромни животни промени, а приказната на Мохамед Ел-Еријан е пример за тоа.

Минатата година финансискиот свет беше непријатно изненаден од ненадејната одлука на шефот на глобалната инвестициска компанија PIMCO да даде отказ. Сега Мохамед Ел-Еријан открива дека најзаслужна за тоа била неговата 10-годишна ќерка.

Во есеј за „Worth“, успешниот бизнисмен, кој достигнал годишна заработка од 100 милиони долари, раскажал дека неочекуваниот отказ бил резултат на листа од 22 важни моменти кои тој ги пропуштил во животот на ќерка си поради работни обврски.

Мохамед Ел-ЕријанМохамед Ел-Еријан

„Пред околу една година, неколкупати побарав од ќерка ми да направи нешто, мислам дека беше да си ги измие забите, но тоа заврши без успех“ – пишува Мохамед. Тогаш тој ја потсетил дека до неодамна таа послушно го исполнувала секое негово барање, обидувајќи се да ѝ укаже дека и сега треба да го прави истото.

Но, наместо тој да ја научи ќерка си на послушност и добро однесување, малечкото девојче го научило на една од најважните животни лекции – да пронајде баланс меѓу личниот и професионалниот живот.

„Таа побара од мене да ја почекам една минута, отиде во нејзината соба и се врати со лист хартија. Тоа беше листа која таа ја составила со важни настани и активности кои јас сум ги пропуштил поради работни обврски. Листата содржеше 22 важни моменти, од нејзиниот прв училиштен ден и првиот фудбалски натпревар во сезоната, до родителскиот состанок и парадата за Ноќта на вештерките. А учебната година не беше ни завршена. Се почувствував ужасно и зазедов дефанзивен став: Имав добар изговор за секој пропуштен настан! Патувања, важни состаноци, итни телефонски повици, неочекувани обврски. Но, ми светна дека пропуштам бескрајно важна поента. Балансот работа-живот ми беше сериозно нарушен и дисбалансот ѝ штетеше на мојот многу специјален однос со ќерка ми. Не одделував ни приближно доволно време за неа“ – пишува Ел-Еријан.

Сега тој работи со скратено работно време и за далеку пониска плата, но има можност да биде сведок на секој важен настан во животот на неговата ќерка.

„Наизменично со жена ми ја будиме нашата ќерка секое утро, ѝ подготвуваме појадок и ја носиме на училиште. Исто така, сега почесто сум таму за да ја земам по завршувањето на наставата и да ја носам на другите активности. Со неа поминуваме прекрасно време во разговори и споделување. Дури и испланиравме да одиме на одмор заедно, само ние двајцата“ – пишува тој и објаснува дека е свесен за привилегираната положба во која се наоѓа, бидејќи многу други луѓе не можат да си го дозволат луксузот да се откажат од работата за да им се посветат на децата и семејството.

Мохамед Ел-ЕријанМохамед со сопругата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.