Почетна » Новости » Занимливости » Бесплатна е-библиотека на македонскиот пишан збор

Бесплатна е-библиотека на македонскиот пишан збор

Деновиве започна со работа првата и единствена е-библиотека со дела од македонски автори. Со едноставно и бесплатно зачленување на сајтот www.makedonika.mk имате пристап до дела од нашите преродбеници, македонските класици, одбрана детска литература, како и до многу дела од наши современици. Сите е-книги се бесплатни и се објавени во посебен формат, за што е развиен врвен софтвер.

Македоника

Ова е единствена е-библиотека од овој вид во светот. Фондацијата за зачувување на македонското културно наследство Македоника стои позади овој проект од најголем национален интерес.

Придобивките се многубројни: од зачувување на сите дела што се од непроценлива важност за македонскиот јазик и македонската нација, преку обезбедување бесмртност на највредните дела од современата македонска литература, па сè до објавување дела од нови автори за кои јавноста допрва ќе дознае.

„Книга на ден“ е мотото со кое Македоника се обврзува на своите читатели да им подари нова е-книга секој ден во годината. Бесплатна и достапна за сите.

Македоника

Мисијата на Македоника е да се поттикне читањето кај сите генерации независно дали се наоѓаат во својата матична земја, дали се малцинство во некоја соседна држава или се дел од милионската дијаспора. Преку истата платформа ќе се промовираат и неколку необјавени книги месечно, од многуте талентирани пишувачи, кои на овој начин побргу ќе се вивнат во македонското литературно небо. Илјадниците членови на Македоника ќе одлучат кој од овие автори ќе биде комета, а кој ќе се промовира во ѕвезда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.