Почетна » Новости » Занимливости » Безусловна љубов: Бездомник завршил во болница, неговите кучиња верно го чекале пред врата

Безусловна љубов: Бездомник завршил во болница, неговите кучиња верно го чекале пред врата

Не залудно се вели дека кучињата се најдобрите пријатели на човекот и дека тие никогаш не ги забораваат своите сопственици.

Доказ за тоа е приказната за бездомник и неговите 4 крзнени миленици која деновиве го обиколува светот. Имено, додека мажот по име Цезар кој бил лекуван во болница, на вратата лојално го чекале неговите кучиња.

Кучиња

Случката ја раскажала на Facebook една од медицинските сестри во за да покаже дека некои личности се сиромашни со пари, но се богати со пријатели. Сестрата Крис Мамприм споделила дека Цезар одлично се грижел за кучињата и дека се случувало тој да гладува за да ги нахрани нив.

Кучиња

Денес наидов на оваа глетка.

Во болницата каде што работам, во 3 часот наутро, додека се лекуваше нивниот сопственик (кој живее на улица), неговите пријатели чекаа на вратата. Една обична личност, која не живее во луксуз, која зависи од туѓата помош за да се избори со гладот, студот, болката и злото на светот, покрај себе ја има најдобрата дружина на светот. И приврзаноста е заемна.

Размена на љубов, наклонетост, топлина и разбирање. Овој човек ни призна дека понекогаш гладува за да ги нахрани нив.

Не знам каков е неговиот живот, ниту пак зошто е на улица, но им се восхитувам на почитта и љубовта која ја има за неговите мали животни. Кога сите би биле вакви... Ако немаше зло и малтретирање...

„Сите тие се добро гледани и буцкасти. Тоа што ги гледав како чекаат на вратата, само ми покажа колку многу се гледани и сакани“ – рекла подоцна Крис.

Кучиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.