Социјалните мрежи деновиве се преплавени од фотографии од инспиративни лица кои си го трансформирале изгледот со слабеење.
Споредбите од типот „некогаш и сега“ покажуваат колку овие личности си го промениле животот со тоа што одлучиле да воведат здрави навики во секојдневието.
„Има денови кога сè уште се гледам во огледалото како да имам 128 килограми. Лудо е кога целото тело ти се менува толку брзо.“


„Ослабев 45 килограми. И мојата сопруга ослабе 25 килограми.“

„Изгубив 72 кг во 9 месеци. Сега сум вработен во фитнес индустријата и им помагам на другите да си ги остварат нивните цели.“

„Да бидам искрен се чувствувам и размислувам како различна личност.“

„Верувам дека патувањата за слабеење/фитнес се пророштва кои сами ги остварувате. Нема да успее доколку вие не верувате во тоа.“

„Од 274 кг на 149 кг. Четири години работам на себе. Не можам ни да се препознаам себеси.“

„Ја посетувам фитнес салата често. Имам 35 години и сум во најдобрата форма во целиот мој живот.“

„Од 122 кг на 54 кг, но со малку мускули овојпат.“

„Wow изгледа како тоа да се две различни личности. Изгледаш многу поздраво, од бојата на кожата до очите.“

„Декември 2016 и декември 2021. Најдобриот божиќен подарок кој можев да си го дадам себеси.“

„Целев да бидам 'слаба', но откако ја прифатив мојата градба и се запознав со кревањето тегови, преовладуваше љубовта кон тоа да бидам силна.“

„Ако можам јас, тогаш можете и вие.“

„Давам сè од себе за да не јадам готова храна, освен овошје и зеленчук. И готвам сè од нула.“

„Слабеење во 5 години. Започнав да се хранам по интуиција, да кревам тегови и да боксувам.“

„Започнав да пешачам и да вежбам. Во 10 месеци, изгубив 45 килограми.“

„Научив дека е во ред да се сакаш себеси и да бидеш среќна.“
