Почетна » Новости » Занимливости » Бебињата Ромео и Јулија родени во иста болница снимија слатка фотосесија инспирирана од Шекспир

Бебињата Ромео и Јулија родени во иста болница снимија слатка фотосесија инспирирана од Шекспир

Приказната за новороденчињата Ромео и Јулија, родени во иста болница, од различни родители кои не се познават меѓусебно, во соби една покрај друга, од ист доктор, на само 18 часа разлика, им го освои срцето на милиони лица на интернет.

Бебињата од Јужна Каролина ги добиле своите имиња уште додека биле во утробата на своите мајки, а нивната средба во болницата била чиста случајност.

Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија

Ромео и Јулија биле фотографирани од Кејси Клејшулт, која ја сподели интересната случка на својот профил на Facebook, каде напиша:

Бебиња споени од ѕвездите

Недела попладне во Блафтон, Јужна Каролина, во 14.06 часот, Морган и Едвин Хернандез му посакаа добредојде на нивното бебе на овој свет и го крстија Ромео.

18 часа и 8 минути подоцна, во соседната соба, Кристијана и Алан Шифлет му посакаа добредојде на нивното женско бебе и го крстија... токму така... Јулија! Родителите ги избраа имињата на почетокот од нивните бремености и паровите не се познаваа претходно додека не се запознаа денес!

Двете бебиња имаат многу коса на главата и веќе се најслаткиот пар!

Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија

Фотографиите брзо станаа хит на интернет, а по излегувањето од болница бебињата си добија и фотосесија инспирирана од Шекспир.

Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија Ромео и Јулија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11562 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.