Светот се збогува со Јуџин Мерил Дејч, човекот кој ги создаде едни од најубавите цртани серии од нашето детство.
Креаторот на „Том и Џери“ и „Попај морнарот“ издиша за последен пат во Прага изминатата недела на 95-годишна возраст.
За да му оддадат почит, артисти од различни делови од светот создаваат илустрации за талентираниот аниматор и филмски режисер со омилените ликови од цртаните.























