Рајан Џенкс и Кимберли Веглин не сакале традиционална свадбена прослава, па се венчаа на една од најадреналинските церемонии во светот.
Заљубениот пар го изговори судбоносното „ДА“ сред пустина во близина на Моаб, Јута, на мрежа поставена на висина од 120 метри.




Рајан и Кимберли се запознале токму таму, каде подоцна и се вериле, па поради тоа сметале дека е идеалното место за да запливаат во брачните води.


Одење по жици, скокање со падобран, акробации во воздух... Фотографиите од свадбата на авантуристичките младенци го обиколија светот. „Беше нереално. Се заљубив во ова прекрасно друштво и шокирана сум од креативноста на сите оние кои се обединија за Ким и Рајан“ – изјавила фотографката.


















