Почетна » Новости » Занимливости » Австралиска сенаторка ја доеше ќерка си за време на свое обраќање до парламентот

Австралиска сенаторка ја доеше ќерка си за време на свое обраќање до парламентот

Во мај, сенаторката Лариса Вотерс испиша историја, станувајќи првата пратеничка која доела во австралискиот парламент. Имено, таа беше снимена додека гласаше во сенатот со малечката ќерка поставена на нејзината града.

Гордата мајка тогаш сподели фотографија на Twitter и напиша: „Многу сум горда што ќерка ми Алија е првото бебе кое било доено во федералниот парламент. Ни требаат повеќе жени и родители во парламентот“.

Вчера, нејзиното име повторо беше споменувано во медиумите, бидејќи таа се обрати за време на седница, истовремено доејќи ја ќеркичката Алија. Малото бебенце има само 14 недели, а од мај наваму е редовен посетител на седниците во парламентот.

Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс

Видео

Постапката на Лариса беше пресретната со насмевка и одушевување од страна на нејзините колеги пратеници.

Еден од сенаторите дури го зеде малото бебенце за да си поигра со него, за што доби многу комплименти на социјалните мрежи.

Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс

Минатата година, австралискиот парламент ги промени правилата и им дозволи на мајките да дојат во собраниската сала.

Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс Лариса Вотерс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.