Почетна » Новости » Занимливости » WE MAKE со приказни на успешни Македонки и редица активности го буди претприемачкиот дух кај младите девојки и жени

WE MAKE со приказни на успешни Македонки и редица активности го буди претприемачкиот дух кај младите девојки и жени

Живееме во време кога сè повеќе жени околу нас се подготвени да го рушат стереотипот дека нивната улога во општеството е примарно поврзана со грижата за домаќинството и децата. Сè повеќе дами кршат бариери и стануваат свесни дека имаат моќ да заземат значајни улоги во подобрувањето на деловната клима во Македонија.

Со „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ се поттикнуваат и мотивираат млади девојки и жени да размислуваат поинаку и со своја глава, да зборуваат гласно и моќно за нивните желби и амбиции и да ги срушат сите предрасуди и стереотипни бариери.

Бројни мотивирачки примери недискутабилно укажуваат на фактот дека Македонките смело и успешно влегуваат во лидерска улога во бизнисот. Проектот WE MAKE на Здружението на бизнис жени од РМ го потенцира токму тоа, преку видеа со приказните на наши бизнис дами, а со редица активности и обуки, се залага за поттикнување на претприемачкиот дух кај амбициозни млади девојки и жени.

Проектот WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност е финансиран од Европската унија, а спроведуван од GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени од Република Македонија, во текот на целата 2018 и дел од 2019 година.

Во негови рамки се прикажани добри практики преку модели на веќе искусни жени претприемачки, со цел да се инспирираат уште поголем број жени да го направат првиот голем чекор во светот на бизнисот.

Љубица Ангелкова-Манговска

Тера Телевизија

Магдалена Симоновска

Шевро - фабрика за чевли

Кјание Селими

РЕА – предучилиштен едукативен центар

Биљана Митева

Еко-Пак Хит - управување со отпад од пакување

Сите мотивирачки приказни можете да ги погледнете на: YouTube каналот на проектот WE MAKE MK.

Веќе се реализирани и голем број на активности кои се насочени кон јакнење на жената во бизнисот – жени и девојки од сите возрасни групи. Реализирани се и повеќе општествени партнерства.

Проектот имаше свои промотивни настани во сите осум плански региони, Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје. Во неговата имплементација со свој ангажман се вклучени и осум локални координаторки од секој регион, обучени стручно (преку ТоТ обука), но и за работа на терен и нивната задача е да поттикнуваат и да обучуваат млади девојки и жени кон претприемништво.

WE MAKE

Досега повеќе од 160 млади девојки и жени - потенцијални претприемачки беа обучени како да си ја следат својата желба, да започнат свој бизнис. Успешноста на обуките се докажа преку големиот број на жени кои добија мотивација и поддршка да започнат да градат нешто свое, но досега немале доволно храброст за тоа.

160 млади девојки и жени беа обучени како да започнат свој бизнис
Додека Здружението преку своите активности успева да ја подигне и/или разбуди свеста кај жените, паралелно се развива и унапредува соработката со институциите.

Во секој од горенаведените региони беше организирана тркалезна маса каде што присутните претставници од институциите како и од локалните и регионалните тела, и локалната бизнис заедница и граѓански сектор, дискутираа за важноста на учеството на жените во претприемништвото, економската стабилност, и за јакнење на женското претприемништво. Нови идеи и сознанија произлегоа од одржаните состаноци, многу потреби кои треба да се задоволат за да се победат стереотипите, менталитетот и пред се економската апатија која ги има зафатено регионите во кои има послабо развиена економија.

WE MAKE WE MAKE WE MAKE

Здружението на бизнис жени не застанува тука и продолжува со понатамошна имплементација на проектот. Следна активност во рамките на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ се осум работилници за кодирање и ИКТ каде што ќе бидат опфатени средните училишта. Целта на овие работилници е да се мотивираат младите девојки - средношколки кон користење на нови технологии преку промоција на кодирање и ИКТ, кои понатаму ќе им бидат корисни во учењето/работата и при кариерниот избор.

WE MAKE

Исто така, планирани се и по осум работилници на тема СТЕМ/ИКТ и Социјално претприемништво/Зелена економија, за жени претприемачки (постоечки и потенцијални), со цел да се покажат можности во нестереотипни области за претприемништво, посебно за женското претприемништво.

Преку проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ несомнено се поттикнува и мотивира широка популација од многу млади девојки и жени, да размислуваат поинаку и со своја глава, да зборуваат гласно и моќно за нивните желби и амбиции и да ги срушат сите предрасуди и стереотипни бариери.

WE MAKE

Здружението на бизнис жени е национална асоцијација на жените претприемачки во земјава. Главна цел на Здружението на бизнис жени е да ги поддржи и да ги промовира жените претприемачки и женското претприемништво.

Здружението активно се ангажира во застапувањето за подобрување на деловната клима и поттикнување на мрежно поврзување на жените во бизнис на локално, регионално и меѓународно ниво.

За сите понатамошни активности и информации, следете ја реализацијата на проектот на линковите:

https://wemake.mk/

https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/

и на Facebook страната на Здружението на бизнис жени:

https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.