Почетна » Новости » Занимливости » WE MAKE – одличен концепт кој прави промени во перцепциите за женско претприемништво

WE MAKE – одличен концепт кој прави промени во перцепциите за женско претприемништво

WE MAKE

Амбициозните жени и девојки во Македонија добиваат поддршка и едукација за да влезат во водите на претприемништвото од Здружението на бизнис жени и реализацијата на нивниот проект „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“.

Со редица обуки, работилници и кампови, се поттикнува и мотивира широка популација од млади девојки и жени да размислуваат поинаку и со своја глава, да зборуваат гласно и моќно за нивните желби и амбиции и да ги срушат сите предрасуди и стереотипни бариери во поглед на нивната економска состојба и јакнење на истата.

Здружението на бизнис жени веќе неколку месеци е посветено на успешна имплементација на проектот.

Mеѓународниот ден на женско претприемништво ќе биде одбележан со дводневна конференција на 19 и 20 ноември

После реализираната студиска посета на Хрватска, во август, и одржаните 8 работни состаноци за кластеринг со жени претприемачки, во септември, се развива соодветна постапка за формирање на официјален кластер за женско претприемништво, прв и единствен таков во земјата, по примерот и моделот на кластерското поврзување на женските бизниси во Хрватска.

WE MAKE WE MAKE

Во тој поглед, за подобро поврзување на жените преприемачки, за проширување на видиците и повеќе информации за можностите, Здружението на бизнис жени го одбележува и веќе традиционално, по четврти пат, го прославува Mеѓународниот ден на женско претприемништво – WED 2018 (Women Entrepreneurship Day), оваа година со одржување на дводневна конференција „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“. Конференција е одлична можност за вмрежување и предвидува и Б2Б средби, а ќе се одржи на 19 и 20 ноември 2018 год. Своето присуство, на конференцијата за вмрежување, го најави делегација од дваесет жени прептриемачки од Хрватска, кои беа вклучени во дел од средбите и состаноците при студиската посета, реализирана во рамки на проектот.

WE MAKE

„WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ успешно се реализира во осумте плански региони. Финансиран е од Европската Унија, преку ИПА програмата, и се имплементира во текот на оваа година, а предвиден е трае до април 2019 година. Организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, активно реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Одзивот и приемот е одличен, на национално ниво, и за тоа повеќе зборуваат бројките на реализирани обуки и бројките на опфатени учеснички, нивните впечатоци и променети ставови во однос на претприемништво, кариререн раст и поттикнати амбиции.

Досега се реализирани 34 едукативни настани, со опфат поголем од 700 жени и девојки

Во јуни се реализираа 9 обуки за старт-ап, занаети и претприемништво, со кои беа опфатени повеќе од 200 жени и девојки. Во септември и октомври се одржаа 8 обуки за промовирање на кодирање и ИКТ технологии за младите девојки, како и 8 работилници за СТЕМ и ИКТ во претприемништвото за жени и девојки, претприемачки или заинтересирани за воспоставување на сопствен бизнис. Потоа следеше реализација на петдневен камп за кодирање за жени и девојки, кој се одржа во Струга, со учество на 10 кандидатки, од претпходно реализираните работилници. Со овие 16 обуки и кампот за кодирање, беа опфатени повеќе од 350 жени и девојки, од кои дел веднаш се вклучија во здружението како редовни членки, и се заинтересирани за учество во сите идни активности. Потоа, во октомври и ноември следеа 8 работилници за Зелена економија и Социјално претприемништво, со кои беа опфатени повеќе од 150 жени. Со што е достигната одлична бројка на реализирани 34 едукативни настани, со опфат поголем од 700 жени и девојки, во сите 8 плански региони.

Следно, како заокружување на едукативниот аспект на проектот е бут-камп за иновации, кој треба да се одржи во следниве 2 месеци, со присуство на најуспешните учеснички од реализираните циклуси на обуки, успешни жени претприемачки како пример за добри практики и можност за вмрежување, и претставнички од партнерската организација од Хрватска.

WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE

Но проектот WE MAKE има пошироки рамки. Со намера да се даде поттик преку успешни примери снимени се 8 кратки филма со успешни жени претприемачки, за да се прикажат добри практики преку модели на веќе искусни жени претприемачки, кои со својата успешна приказна ќе мотивираат уште поголем број на жени да се осмелат да го направат првиот чекор и да влезат во светот на бизнисот. Исто така, креирана е и активна WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да отворат свој профил преку кој ќе можат да се промовираат, но и да пристапат до базата на жени претприемачки, онлајн обуките, сите споделени информации и тековни активности. Мотивирачките филмови може да се најдат и погледнат на YouTube каналот на проектот WE MAKE MK, на следниот линк: https://www.youtube.com/channel/UC0GSxBQCJvA0by-XbUpTHLA/videos

WE MAKE

А за регистрација на WE MAKE веб платформата за вмрежување, во рамки на проектот, пристапете на следниот линк: https://wemake.mk/

Здружението на бизнис жени е национална асоцијација на жените претприемачки во земјава. Главна цел на Здружението на бизнис жени е да ги поддржи и да ги промовира жените претприемачки и женското претприемништво.

Здружението активно се ангажира во застапувањето за подобрување на деловната клима и поттикнување на мрежно поврзување на жените во бизнис на локално, регионално и меѓународно ниво.

За сите понатамошни активности и информации, следете ја реализацијата на проектот на линковите:

https://wemake.mk/

https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/

и на Facebook страната на Здружението на бизнис жени:

https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.