Почетна » Новости » Занимливости » Vip наградува: Sony Xperia Ultra за најдобрите селфи фотографии

Vip наградува: Sony Xperia Ultra за најдобрите селфи фотографии

Во низата на летни изненадувања, Вип подготви уште една забавна содржина за своите Facebook фанови и сите љубители на „selfie“ фотографиите.

Имено, од денес, на својата Facebook фан страна facebook.com/vipmk, Вип започнува избор за најдобра летна „selfie“ фотографија снимена со мобилен телефон, кој на најдобрите ќе им донесе примамливи летни подароци и изненадувања, меѓу кои четири Sony Xperia Ultra паметни телефони и главна награда – поставување на Билборд на најдобрата „selfie“ фотографија.

Vip

Сите заинтересирани можат да учествуваат со неограничен број на различни креативни „selfie“ фотографии, снимени и пратени од мобилен телефон, а за да учествуваат во изборот, „selfie“ фотографиите треба да ги испратат на е-маил адресата vipselfie@vipoperator.mk. Деталите за правилата на учество се достапни на www.facebook.com/VipMK.

„Летото е период кој изобилува со забава, безгрижност и многу дружење. Оваа нова интерактивна содржина ја воведуваме за љубителите на „selfie“ фотографиите и авантурите со цел да ја поттикнеме нивната креативност, да ја потенцираме индивидуалноста, слободниот дух и убавината во секој од нив. Сигурни сме дека нашите корисници ќе ја препознаат дополнителната вредност во оваа активност, бидејќи нашето „Повеќе за вас“ e нешто кое со големо внимание го негуваме“ – изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип оператор.

Изборот за најдобра летна „selfie“ фотографија ќе трае од 18 јуни 2014 до 3 август 2014 и ќе биде поделен во четири циклуси. Заинтересираните можат да се приклучуваат кон било кој од циклусите со различни фотографии, а победнчката „selfie“ фотографија која има најмногу „лајкови“ во секој од циклусите ќе биде наградена со Sony Xperia Ultra и припејд СИМ картичка. Дополнително, за главната награда – поставување на фотографијата на Билборд која ќе биде одбрана од страна на жири, во конкуренција влегуваат „selfie“ фотографиите од сите четири циклуси. Второ и трето пласираните „selfie“ фотографии ќе бидат исто така наградени со пригодни подароци.

За потсетување, неодамна Вип претстави одлична можност за бесплатен Facebook за своите припејд корисници која им овозможува бесплатен Facebook каде и да се.

Повеќе информации во однос на понудата се достапни на телефонскиот број 077 1234 или на веб страницата www.vip.mk.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.