Почетна » Новости » Занимливости » T-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани

T-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани

T-Mobile објави партнерство со македонските музички ѕвезди: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани. Станува збор за долгорочна соработка, која почна со интерактивна кампања за тарифата Play, но и несекојдневно музичко изненадување за корисниците.

Видео спотот се снимаше на плоштад Македонија, каде беа поставени караоке кабини и секој случаен минувач можеше да ги испроба своите гласовни способности. Навидум обичното караоке преминуваше во дует со една од нашите познати музички имиња: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани.

Соработка на T-Мobile со музички ѕвезди

Инволвирајќи ги ѕвездите и корисниците, T-Mobile ја промовира новата Play понуда во постпејд, со намалена месечна претплата. Со оваа понуда корисниците добиваат неограничени разговори кон корисниците на T-Mobile и T-Home, неограничен интернет на најбрзата 3G мрежа, повеќе вклучени минути кон останатите мрежи, како и одличен избор на паметни телефони по промотивна цена.

T-Mobile е компанија која веќе е добро позната на јавноста како поддржувач на добрата македонска музика. Соработката со Калиопи и Владо не е нова, со ова партнерство само ја зацврстуваме врската со веќе докажаните, но бираме и ново лице, младата и талентирана Венера Лумани, која победи на минатогодишниот Voice of Albania, и на тој начин даваме поттик во развојот на кариерата на новите таленти. T-Mobilе e и компанија која им овозможува на корисниците да споделат единствени моменти, но и да им овозможи вредност повеќе за истите пари, што е и случај со Play. Оваа кампања е почеток на партнерството со нашите ѕвезди, но е продолжување на политиката на T-Mobile Македонија за дополнителна вредност за корисниците“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.

Соработка на T-mobile со музички ѕвезди

Новите, освежени Play тарифи овозможуваат неограничена мобилна комуникација, MaxTV на мобилен телефон, и секако, најдобро интернет доживување на најбрзата 3G мрежа. За корисниците за кои разговорите се најбитни, новите Smart тарифи овозможуваат целосно опуштена мобилна комуникација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.