Во време кога огромен дел од луѓето не можат да го поминат денот без да се поврзат на некоја од социјалните мрежи и кога „самофотографирањето“ на многумина им е секојдневие, не е големо изненадување што „Selfie“ (селфи) е прогласен за Збор на 2013 година.
„Selfie“ се дефинира како фотографија која некој ја направил од себе, најчесто со смартфон или веб-камера и ја објавил на социјалните мрежи.

Објаснувајќи го изборот, уредниците на Оксфордскиот речник изјавиле дека во англискиот јазик употребата на зборот „selfie“ се зголемила за 17000% во однос на минатата година.
Џуди Пирсал, уредничка во „Oxford Dictionaries“, објаснила дека избраниот збор не е задолжително да биде термин кој ќе ја зачува популарноста подолго време, бидејќи тешко е да се предвидат „трендовите“.
„Selfie“ го победи „twerk“, односно провокативниот танц кој го популаризира Мајли Сајрус со својот настап на MTV VMA.