Почетна » Новости » Занимливости » Samsung Galaxy S4 – идеален сопатник во Вашиот џеб

Samsung Galaxy S4 – идеален сопатник во Вашиот џеб

Сите го сакаат, сите го бараат. Kонечно се појави Тој! Никој не може да одолее на неговиот тенок и префинет изглед, стилизиран и уникатен дизајн, прекрасната текстура. Звучи примамливо, нели, нема кој не би сакал да го има! Тој е нешто што мора да се има, секогаш е во тренд и одговара на секоја пригода, додека сте дома, на работа, во парк или на журка.

Сега е тука! Долгоочекуваниот и посакуван Samsung Galaxy S4!

Samsung Galaxy S4Новиот Samsung Galaxy S4

Како идеалниот животен сопатник, и тој обезбедува побезгрижно секојдневие, ги прави секојдневните моменти забавни, интересни и вредни за паметење, ги поврзува луѓето на многу пореален начин и се грижи за Вашето здравје.

Паметниот Samsung Galaxy S4 може да регистрира кога да го стопира омиленото видео, а за тоа е доволно само еден Ваш поглед настрана. Можете да го користите како далечински управувач, или, пак, да го поврзете со домашниот ТВ-приемник и комбинирано да ги следите содржините. Благодарение на неговиот оптички читач, Samsung Galaxy S4 можете да препознае информации од визит-картичка и да ги запамети директно како контакт во Вашиот именик. Ако досега Ве нервираше тоа што не можете да ракувате со Вашиот телефон преку екранот чувствителен на допир освен со прст, не грижете се – екранот на Samsung Galaxy S4 ги препознава Вашите команди не само преку ракавици, туку и како гестови.

Друг новитет е тоа што забавата може да стане уште поинтересна. Со едноставно поврзување на Samsung Galaxy S4 преку блутут со друг Samsung Galaxy S4, двата можете да ги користите како звучници и да уживате во прекрасниот звук и музика по Ваш вкус. Samsung Galaxy S4 за фановите на игрите овозможува поврзување со друг Samsung Galaxy S4 и играње игри симултано и во реално време.

Неговата камера од 13 МР обезбедува комплетно и моќно искуство, збогатено со палетата опции како што се анимирањето фотографии, додавањето звук на фотографија и симултаната употреба на предната и на задната камера.

Samsung Galaxy S4

Samsung Galaxy S4 овозможува богата комуниција насекаде и во кое било време, со него можете да го споделите тоа што го имате на екранот со Вашите пријатели, како и да воспоставите двоен видеоповик со употреба на предната и на задната камера.

И на крај, Samsung Galaxy S4 се грижи за Вашето здравје. Неговиот широк 5-инчен екран со висока резолуција може да се оптимизира со цел поубаво и почисто да ја гледате содржината, со што ги штити Вашите очи. Тој може да послужи како мерач на виталните параметри кога спортувате, а добрите резултати можете да ги споделите со Вашите пријатели.

Сигурно едвај дочекавте да го дочитате овој текст и да побрзате за да го набавите новиот Samsung Galaxy S4. Резервирајте го најдоцна до 30.4.2013 во кој било Vip центар ширум Македонија. Веднаш по пристигнувањето на телефонот ќе бидете повикани да дојдете и да си го земете Вашиот Samsung Galaxy S4 и како подарок ќе добиете оригинална Samsung футрола. Влезетe во светот со неограничени можности.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.