Prisma со молскавична брзина придобива обожаватели и ги преплави социјалните мрежи со колоритни фотографии кои наликуваат на уметнички дела.
Популарната апликација ги претвора обичните фотографии во атрактивна уметност со помош на вештачка интелигенција.
На почетокот на летото, Prisma беше достапна само за корисниците на iPhone, но сега конечно апликацијата е готова и за смартфоните со Android. Доколку се прашувате за цена, апликацијата е бесплатна.
Основачите ветуваат дека наскоро Prisma ќе добие надградба и ќе може да се снимаат забавни видеа со „филтри“. Погледнете како ќе изгледа тоа:
Доколку решите да ја тестирате апликацијата, бидете потрпеливи, бидејќи поради огромниот наплив на корисници, трансформирањето на фотографиите деновиве е многу бавно.