Почетна » Новости » Занимливости » National Geographic: Љубовта низ фотографии

National Geographic: Љубовта низ фотографии

Љубов. Што претставува љубовта? „National Geographic“ им постави задача на своите читатели преку фотографија да покажат што допира длабоко во нивното срце.

Над 14.000 фотографии од професионалци и аматери биле испратени како одговор на задачата „Love Snap“. Сите тие се доказ дека љубовта доаѓа во најразлични форми и дека може да биде визуализирана на безброј начини.

Погледнете дел од најдобрите фотографии според уредниците на „National Geographic“, кои ќе ве убедат дека понекогаш од дводимензионална слика навистина може да извираат силни емоции и приказни.

Love SnapФотографијата прикажува стара жена која нежно држи во рацете фотографии од младоста од неа и од нејзиниот сопруг кој починал кратко време пред фотографирањето. Фотографиите ги пронашла во паричникот на својот сакан. Love Snap„Кога се роди Сесилија, шест недели престојувавме во одделот за неонатална интензивна нега. Таа едвај тежеше 1 килограм. Никогаш немавме видено толку мало човече. Јас бев многу болна и не можев да бидам покрај неа во првите денови по раѓањето. Нејзиниот татко беше љубовен мост кој го поврзуваше нашето ново семејство – тој беше покрај неа додека јас не можев“ – Аманда Линден. Love SnapЗаљубен пар фотографиран неколку денови пред свадбата. Love SnapКонстантинос Ксенос ја фотографирал својата баба која носи два прстена – еден ѝ припаѓа нејзе, а еден на личност која повеќе не е меѓу живите. Love Snap„Додека со братучетка ми се подготвувавме да одиме на концерт, таа уживаше неколку минути со својот сопруг и децата, а во меѓувреме јас се облекував. Влегов во дневната соба, го затекнав ова и веднаш знаев дека ми треба фотоапаратот“ – објаснил Џејми Артур. Love SnapМајка нежно ја бакнува својата ќерка. Love SnapБаба и внука си играат во градина облечени во исти фустани. Love Snap„Оливер се подготвува за излегување. Кога ќе ја здогледа мајка си како му се смее, тој испушта љубовни зраци“ – Лори Купез. Love SnapОва е последната фотографија која Елизабет Флора Рос ја направила од својата ќерка и својот татко пред тој да почине. Love SnapМајка, ќерка и поглед исполнет со љубов. Love SnapСвадбена фотографија. Love Snap„Љубовта доаѓа во многу форми, и спокојно утро може да биде преполно со љубов“ – напишала Анка Билт која стоела зад објективот.

Еве и уште неколку фотографии кои не влегоа меѓу најдобрите.

Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap Love Snap

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.