По повод 125-годишнината од своето постоење, „National Geographic“ ги покани фотографите од целиот свет да ги споделат своите најдобри дела. Во иницијативата „Your Shot“ биле вклучени над 25.000 фотографии од аматери и професионалци од целиот свет.
Уредниците на списанието ги избрале деветнаесетте најдобри фотографии кои одговараат на концептот „Explore Our Changing World“ и ја покажуваат убавината на планетата на која живееме.
Победничка фотографија е црно-белата динамична фотографија на Клаус Приебе која прикажува невреме над кањон.
Совршена камуфлажа на североамерикански був.
Фотографија направена од авион над Јужен Исланд.
„Портокалова победа“ – деца кои си играат во реката Ганг.
Очајни гнуа кои се борат за живот во Источна Африка.
Насмевка од ловец од Ментаваи.
Миграција на скакулци на Мадагаскар.
Рибари во Виетнам.
Човек му дава на мајмун вода за време на жежок летен ден во Бангалор.
Санта мраз во Илулисат, Гренланд.
Хонгконг
Филипини
Махараштра, Индија
Ал Хада, во близина на Таиф, Саудиска Арабија.
Фотографијата на Хуан Осорио, која беше прогласена за најдобра од заедницата на Nat Geo.
Овца од 140 килограми на фарма во Чиле.
Татко и ќерка чекаат да започне свадбена церемонија.
Фотографот Џонатан Такер под глечер во Алјаска.
