Почетна » Новости » Занимливости » HBO празнично изненадување: Првата епизода на серијата „Успех“ од денес може да се гледа на YouTube

HBO празнично изненадување: Првата епизода на серијата „Успех“ од денес може да се гледа на YouTube

За првата регионална HBO Europe серија, „Успех“, се зборува веќе со месеци, а сега првата епизода ќе биде достапна на официјалниот HBO Makedonija YouTube канал! Иако премиерата е закажана за 6. јануари, HBO одлучи да придонесе кон веселото празнично расположение и да ги израдува со претпремиера сите оние кои со нетрепение ја очекуваат серијата.

Епизодата ќе биде достапна ограничен временски период и затоа побрзајте и гледајте ја веднаш! Сите останати епизоди ќе може да ги погледнете од 6. јануари на HBO GO. На HBO каналот премиерата е на 6. јануари во 20 часот, а нови епизоди ќе се емитуваат во истиот термин секоја недела.

HBO

Серијата ќе биде достапна за гледање истиот ден во сите земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ.

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг (HBO Europe), надзорна продуцентка е Ема Тарнер (HBO Europe), продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Europe), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“).

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тони Гојановиќ, Тара Талер, Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу и Марија Шкаричиќ.

Во останатите улоги настапуваат: Горан Богдан, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Леон Лучев, Борут Веселко, Јасна Жалица, Мислав Чавајда, Никша Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукуљица, Дијана Видушин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија Качан, Дора Перојевиќ и многу други.

Видео

Оригинална HBO EUROPE продукција

HBO Europe продуцира квалитетни серии во Чешка, Романија, Полска и Унгарија уште од 2010 година. Во 2016 година продукцијата е проширена во Скандинавија и Шпанија, а од 2017 година и во Адрија регионот. Меѓу HBO Europe сериите се наоѓаат наградените серии „Чопор“ (Wataha, Полска), „Пустина“ (Pustina, Чешка), „Златен живот“ (Aranyelet, Унгарија), „Сенки“ (Umbre, Романија) и „Несогорливата капина“ (Burning Bush, Чешка). Најавени се и новите серии „Hackerville“ (Hackerville, Романија и Германија), „Gösta“ (Gösta, Шведска), „Успех” (Хрватска), „Ослепени од светлата” (Blinded By The Lights, Полска), „Beforeigners” (Норвешка) и „Oblivious” (Чешка).

Сите серии од оригиналната HBO Europe продукција се достапни преку видео услугата на барање HBO GO на www.hbogo.mk

dm dm dm dm dm dm dm dm

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.