Почетна » Новости » Занимливости » „Fit Up Open Aerobic“ – најмасовниот аеробик на отворено

„Fit Up Open Aerobic“ – најмасовниот аеробик на отворено

На 22 јуни се одржа најмасовниот аеробик настан во Битола на отворено „Fit Up Open Aerobic“, во организација на Бимилк и Енерџи спорт аеробик клубот.

На исполнетото ракометното игралиште во Битола, под водство на професионални зумба и аеробик тренери, низ забава и музика, активно учествуваа над 400 граѓани и воедно исто толку го следеа настанот.

Во рекордни три часа, од 18 до 21 часот, беа изведувани вежби во различен ритам и во соодветни техники, како: Hi-low Aerobic, Aerobic Energy Mix, Zumba kids, Zumba и Tae Bo – вежби сочинети од танц движења и боречки спортови комбинирани во едноставни кореографии за подобрување на координацијата на телото, на аеробната издржливост и функционалните способности, како и за намалување на вишокот килограми. Истовремено во специјалното детско катче беа присутни и вежбаа најмладите учесници на настанот. И тие, исто како и повозрасните, имаа можност да учествуваат, да се забавуваат и да добијат сет подароци од Бимилк.

ФИТ Бимилк ФИТ Бимилк

Настанот е организиран со поддршка на новиот ФИТ кремаст јогурт на Бимилк, кој го содржи потребниот сооднос на протеини и јаглехидрати, потребни по секое вежбање.

„Ова е најмасовниот аеробик настан досега во Македонија на отворено. Во позитивна и забавна атмосфера, каде што физичката активност е главен приоритет, сакаме да ги поттикнеме и охрабриме сите граѓани кон редовно вежбање и подобрување на нивната физичка и психичка подготвеност. Во таа насока би ја истакнала поддршката на Бимилк, кој покрај организацијата на настанот, обезбеди сет подароци за учесниците и по три бесплатни термини во аеробик клубот Енерџи спорт за оние кои го донесоа картонскиот дел од амбалажата на новиот ФИТ кремаст јогурт“ – изјави Христина Ристoвска, професор по физичка култура и тренер во Енерџи спорт аеробик клубот – Битола.

„FIT UP OPEN AEROBIC“ се подготвува да продолжи во Скопје и во другите градови низ Македонија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.