Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin UltraSENSITIVE - ефективна нега на осетливата кожа

Eucerin UltraSENSITIVE - ефективна нега на осетливата кожа

Комерцијален текст

Производи без парабени, парафини, мириси, емулгатори и колоранти.

Екстремните надворешни услови, честите нагли промени на временските услови, загаденоста, стресот, како и дејството на ултравиолетовата радијација влијае сѐ поголем број на луѓе да имаат осетлива и уште полошо хиперосетлива кожа. Истите се жалат нацрвенило, чешање и изгореници, кои се типични симптоми на осетливата кожа. Симптоми кои се добиваат кога се ослабени одбранбените способности на кожата и најчесто како реакција на стрес и хипер-реактивни нерви кои создаваат ниско ниво на отпорност, смета д-р Соња Доневска, специјалист дерматолог. Загаденоста на воздухот предизвикана од автомобилите влијае поленот во градските средини да содржи три пати повеќе алергени отколку поленот во руралните средини, и да биде сериозен фактор за оштетување на бариерите на кожата. Дополнително долгиот престој во соби со клима уреди, каде воздухот е многу посув отколку што е нормално, димот од цигарите, како и изложеноста на висока УВ радијација влијае да се наруши имунолошкиот систем на кожата, таа да страда, и да стане осетлива или хиперосетлива, истакнува д-р Доневска.

Eucerin

Осетливата кожа бара посебна нега, децидни се екпертите! Како резултат на таа потреба е создадена колекцијата Eucerin® UltraSENSITIVE, производи кои не содржат парабени, парафини, алкохол, парфеми и други хемиски додатоци на кои реагира осетливата кожа и кои знаат да предизвикаат црвенило, чешање и затегнатост. Луѓето со осетлива кожа треба да ги избегнуваат обичните козметички производи против стареење на кожата, оние кои содржат витамин А и кои неретко знаат да предизвикаат иритација. Исто така облека од синтетички материјали, новата облека која содржи формалдехид знае да создаде иритација и црвенило. Поради тоа треба да се внимава на изборот на материјал, и секогаш новата облека да се испере и испегла пред да се облече.

„Дефинитивно луѓето со осетлива кожа треба да бидат внимателни, каква гардероба носат, што јадат, каде го поминуваат времето, и пред сѐ каква козметика користат“, сугерираат дерматолозите. Во кој било период од денот треба да се избегнуваат производи кои содржат алкохол и други хемиски додатоци, и да се намали дејството на стрес хормонот адреналин кој го оштетува генетскиот материјал во клетките на кожата и предизвикува предвремено стареење.

Колекцијата Eucerin UltraSENSITIVE ги смирува хипер-реактивните нерви на кожата, додека производот од оваа колекција Eucerin AntiREDNESS дополнително ја смирува и иритацијата. Се препорачува да се користи и лосион за чистење на лице кој ја отстранува шминката и нечистотијата без да ја суши и иритира кожата. Брзо се враќа балансот на кожата, и тоа на исклучително нежен начин, правејќи ја отпорна на стресот предизвикан од модерниот живот.

Сите Eucerin® UltraSENSITIVE производи за осетлива кожа, содржат иновативна состојка SymSitive која ја смирува кожата со влијание директно во изворот на проблемот, како и восок кој дава чувство дека кожата е потхранета и хидрирана. Сите производи се ослободени од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и емулгатори (освен Eucerin® AntiREDNESS дневната крема).

Eucerin

Колекцијата се состои од:

  • Eucerin® UltraSENSITIVE Cleansing Lotion, 100 ml
  • Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Dry Skin, 50 ml
  • Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Normal to Combination Skin, 50 ml

Додека Eucerin® AntiREDNESS производите покрај состојката SymSitive, содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки глицерин кои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Тоа се два производа, Eucerin® AntiREDNESS Concealing Day Care и Soothing Care.

Кожата е огледало на здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.