Почетна » Новости » Занимливости » Cподелете единствено Coca-Cola искуство со вашето име

Cподелете единствено Coca-Cola искуство со вашето име

Денес официјално започнува новата кампања Сподели Coca-Cola во која 150-те најчести имиња во Македонија се најдоа на Coca-Cola шишињата и лименките. Сега и граѓаните од Македонија во исто време со милиони обожаватели ширум Европа имаат можност да го пронајдат своето име на етикетите на најомилениот безалкохолен пијалак, а со тоа нашата земја стана дел од првата и најголема европска кампања за персонализација на производ.

Лименките и шишињата со имиња како Дарко, Никола, Маја, Филип, Марија, Горан, Александар, но и зборови како „семејство“ и „пријатели“, се веќе во продажба. Тинејџерите што сакаат да бидат оригинални во својот избор, можат да најдат Coca-Cola со ознаки другар/другарка, симпатија или дечко/девојка.

Сподели Coca-Cola

Сподели Coca-Cola инспирира на создавање креативни содржини што се споделуваат, па така од моментот на појавувањето во Македонија, персонализираните Coca-Cola производи создадоа вистински бум на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и се очекува уште поголем интерес. Сите корисници на социјалните мрежи можат да ги споделат содржините директно на www.spodelicocacola.com.mk или преку користење на хаштаг #SpodeliCocaCola.

„Сподели Coca-Cola нуди безброј можности за забавни моменти кои дигиталната генерација може да ги споделува, да разговара и да создава нови пријателства.Летото е за запознавање нови пријатели и почеток на авантури и очекуваме кампањата Сподели Coca-Cola да биде во срцето на летните доживувања во Македонија“ – изјавија од Coca-Cola Македонија.

За повеќе информации, посетете ја страницата www.spodelicocacola.com.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11997 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.