„Baby Shark“ ги полудува родителите кои се принудени да ја слушаат безброј пати, но малечките ја обожаваат „заразната“ песна. Па, можеби и не е чудно што спотот за истата стана најгледаното видео на YouTube.

Колоритниот спот ја одзеде круната од „Despacito“. Хитот на Луис Фонси и Деди Јенки во 2017 година застана на тронот и беше првото видео кое надминало три милијарди прегледи.
Досега „Baby Shark“ е прегледано 7.052.521.469 пати додека „Despacito“ останува на втора позиција со 7.040.118.565 прегледи.