Почетна » Новости » Занимливости » 80-годишен пар ја прослави 57-годишнината од бракот со завршување на маратон држејќи се за раце

80-годишен пар ја прослави 57-годишнината од бракот со завршување на маратон држејќи се за раце

Сопруг и сопруга кои имаат по 80 години на несекојдневен начин ја одбележаа 57-годишнината од бракот. Долгогодишните партнери од Ирска наместо со романтична вечера во ресторан, прославија со тоа што завршија маратон држејќи се за раце.

Брачен пар

Во далечната 1986 година, Џо и Кеј О’Реган го завршиле својот прв маратон заедно, поминувајќи ја целта држејќи се за раце, а сега го повторија тоа во Лондон трчајќи на патека од 800 метри, со што привлекоа големо внимание.

Џо изјавил дека биле изненадени од вниманието кое го добиле. „Ние не сме специјални или извонредни. За нас, трчањето е само нешто што го правиме“ – изјавил тој. „Јас можеби изгледам како да имам 80 години, но не се чувствувам така“ – додал Џо.

Брачен пар Брачен пар

Ова е 113-ти маратон во кој има учествувано Кеј. Таа има победено 4 пати на маратони во Ирска на 60, 65, 70 и 75-годишна возраст.

Брачен пар Брачен пар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.