Што е среќата и како да ја постигнете? Иако никој не може да ви ја каже вистинската формула за да бидете среќни, неколку експерти можат да ви помогнат во потрагата преку мали совети.

„Изберете љубов пред тоа да сте во право“ – Дипак Чопра
„Прифатете се себеси и очекувајте повеќе од себе“ – Гречен Рубин
„Среќата е избор кој го правите. Секоја ваша мисла е одлука и во секој момент можете да одлучите дали сакате да бидете плашливи или да бидете среќни. Преку благодарност, опростување и заложување за мир можете да изберете да бидете среќни“ – Габриел Бернстејн
„Верувајте си себеси. Ако не научите да си верувате, никогаш нема да бидете среќни“ – Пол Селиг
„Краткотрајната среќа доаѓа од бркањето „нешта“ – храна, дрога, материјални предмети, врски итн. Но, сите знаеме дека тие не траат долго. Придонесување, услужување, поврзување и љубов – кога ќе научиме да ги одгледуваме тие работи во нас, а потоа да им ги даваме на другите во каква било форма која нè инспирира најмногу, тогаш влегуваме во еден поголем свет. Ако барате радост, сфатете дека радоста е услужување. Независно каква е економијата или владата или како се однесуваат другите луѓе, секогаш имате можност да им помагате на другите. Кога ќе го сфатиме тоа и кога ќе започнеме да се раководиме од тоа, среќата неизбежно ќе следи“ – Мастин Кип
„Константната потрага по среќа води кон разочарување затоа што среќата не е постојана. НО, благодарноста, помирувањето, мирот и љубовта се. Трагајте по тие квалитети и многу почесто ќе сфаќате дека сте среќни“ – Кристин Хеслер
„Среќата доаѓа преку пронаоѓањето на мир и слобода во нас самите и носењето на среќа на другите“ – Матие Рикард