Почетна » Новости » Занимливости » 60 години БиМилк: успешна македонска бизнис приказна

60 години БиМилк: успешна македонска бизнис приказна

Заедно со своите соработници, кооперанти, владини претставници, БиМилк го прослави својот јубилеен 60-ти роденден. Прославата започна со прес-конференција за новинари, дружење и размена на искуства, за да заврши со свечен вечерен коктел.

„Од самите почетоци, пред 60 години, Млекара Битола имаше за цел да произведува традиционални млечни производи, со потекло од еколошки чистиот Пелагониски реон. Традиционалните производи се развиваа, го менуваа својот изглед и за краток период прераснаа во брендови со препознатлив имиџ, а Млекара Битола прерасна во национален откупувач на млеко и респектабилен млеко преработувачки капацитет кој пласира различни висококвалитетни производи на македонскиот пазар.60 години на раст и развој, на инвестиции, доверба и грижа, на континуирано унапредување на процесот на производство, подобрување на квалитетот на млечните производи, за да денес Млекара Битола – БиМилк, претставува синоним за квалитет, бренд со препознатлив имиџ, кој потрошувачите го преферираат и го сакаат“ – изјави Роко Водопија, генерален директор на Млекара Битола.

БиМилк во иднина, како и досега, ќе продолжи со инвестициите и со испорачувањето на квалитетни производи, но и со обидите да ја доближи компанијата до европските стандарди.

Во последниве неколку години инвестиравме многу, инвестиравме во производствени погони, го автоматизиравме производството, го финансиравме откупот на крави овде во Македонија, досега имаме инвестирано во консалтинг и know-how што се однесува на нашите фармери. Ние и понатаму ќе продолжиме да испорачуваме квалитетни производи и да вложуваме“ – продолжи Водопија.

„Нам ни е многу важно да ја издигнеме оваа компанија и да ја доведеме на стандардите на Европската Унија, затоа што таа врши и извоз и ние сме многу горди што имаме една толку квалитетна млекара на ова подрачје“ – додаде Слободан Петровиќ, директор на фондот Салфорд за Балканот.

Златко Најдовски, Слободан Петровиќ и Роко Водопијаг. Златко Најдовски, г. Слободан Петровиќ и г. Роко Водопија

Прославувањето на овој јубилеј е и доказ за долгата традиција на БиМилк. „Кога зборуваме за некој јубилеј тоа значи дека постои некој процес зад нас. Кога зборуваме за јубилеј од 60 години тогаш зборуваме за некоја успешност која трае подолг период и тоа е чиста традиција, а традицијата е еден филтер на нешто добро, филтер на некоја посветеност, филтер на некоја упорност“ – изјави Златко Најдовски, директор за суровина во БиМилк.

Поради својот квалитет, БиМилк производите брзо ги надминаа локалните граници, а во нивниот вкус можат да уживаат граѓаните од поширокиот регион. Производите на Млекара Битола станаа асоцијација за квалитетни и здрави домашни производи. Во 2008 година, по претходното преземање на Млекара Битола од страна на Инвестициониот фонд Салфорд, беше извршена комплетна автоматизација на производството. Набрзо беше обезбеден и комплетен ладен ланец со набавка на лактофризери, што овозможи константно одржување на квалитетот на млекото.

Следеше инвестиција во најсовремена софистицирана технологија за производство на кисело млечни производи, што придонесе јогуртите на Млекара Бимилк да го подобрат и стандардизираат својот квалитет и брзо да бидат прифатени од потрошувачите.

Инвестициите продолжија во нова филтер станица за вода и набавка на посебна компјутерска опрема за поголемите кооперанти фармери која ќе овозможи поефикасен начин на работа при производството на млеко. Последниве две години беа набавени над 700 висококвалитетни јуници од расата Симентал од Австрија кои придонесоа кај фармерите кооперанти на БиМилк да се подигне нивото на млекопродукција по крава од сегашните 3000 на 5000 литри, што придонесува за раст на примарното производство и подобрување на квалитетот на млекото.

Се инвестираше во промоција, во подобрување на комуникацијата со потрошувачите, а сè со цел да се слушнат нивните специфични потреби и желби. Да се биде блиску до своите потрошувачи и да се освои нивното срце и понатаму ќе биде императив и крајна цел на сите активности на БиМилк.

Дека работата и залагањата не се залудни, секојдневно потврдуваат потрошувачите кои се лојални на БиМилк производите, а тие не се малку.

Не може, а да не се сака БиМилк. Тоа е македонски бренд, со врвен квалитет, создаден со страст и желба за совршенство. Производи со кои сите израснавме и кои се дел од нашата историја и традиција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.