Почетна » Новости » Занимливости » 5 години гаранција со Горење

5 години гаранција со Горење

Комерцијален текст

Компанијата за производство на апарати за домаќинство Gorenje Group уште еднаш ја докажа довербата кон своите потрошувачи и ја потврди позицијата на пазарот помеѓу осумте најпродавани и најголеми производители на апарати за домаќинство во Европа.

Уште еден показател за пазарната позиција е последната акција која што ја започна Горење (Gorenje) – корпоративна понуда насловена „Секогаш на ваша услуга - 5 години гаранција на апаратите од бела техника“.

Петгодишната гаранција претставува бесплатна и целосна гаранција, која покрај многуте можности вклучува отстранување на функционални дефекти кои оневозможуваат нормално и адекватно работење на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje).

Горење

„Квалитетот и сигурноста на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje) се меѓу главните причини зошто се одлучивме за оваа акција. Покрај најновата технологија, модерниот дизајн, врвниот квалитет и функционалноста, сега со продолжената гаранција на апаратите за домаќинство на 5 години ќе можете да бидете сигурни во нашиот квалитет подолг временски период“ – изјави директорот на Горење (Gorenje) во Македонија, г. Ненад Јовановиќ.

Исто така, дополнителен новитет претставува отворањето на новиот Call Center во рамки на Горење (Gorenje) сервисот. Со овој чекор се нуди грижа, навремено и брзо советување за состојбата на вашиот апарат и секако, поврзување со професионалната сервисна мрежа низ Република Македонија. Сервисерите на Горење ќе се погрижат квалитетот на работа на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje) да остане во континуитет и истовремено, по потреба, брзо и квалитетно да го отстранат дефектот од вашиот апарат со вградување исклучиво оригинален резервен дел од асортиманот на Горење (Gorenje). Покрај монтажата, сервисот врши набавка и продажба на оригинални резервни делови од асортиманот на Горење (Gorenje).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.