Кара Пајук е мајка на три деца, фотографка и авторка на статии објавени во медиуми како „The New York Times“, „Huffington Post“ и „Mamapedia“. Нејзината листа „40 чудни нешта кои ги научив во текот на 40 чудни години“ собира на едно место животни лекции кои заслужуваат да бидат прочитани.

- Кога се работи за создавање на семејство, купување дом или заминување на одмор од соништата, никогаш нема да ви се чини дека дошло вистинското време или дека имате доволно пари. Едноставно донесете одлука и направете го тоа!
- Понекогаш имате пари, понекогаш немате. Парите доаѓаат и си одат. Пронајдете среќа без оглед на вашите финансии.
- Не дозволувајте луѓето да ве газат. Независно од тоа кои се тие. Ако некој не е љубезен кон вас, повлечете линија. Одредени постапки едноставно не треба да бидат прифатливи.
- Пријателите можат да ви бидат семејство. Моите пријатели мене ми се семејство.
- Колку и да е важно да бидете ценети, многу поважно е да покажувате дека ги цените другите луѓе.
- Бидете до блиските и во добро и во лошо. Потрудете се да бидете до нив за свадби, погреби и породувања. Големите животни настани треба да бидат проследени со големи прегратки.
- Новата фризура, маникирот/педикирот или масажата имаат моќ да ви го подобрат расположението. Бидете добри кон себе.
- Сонувајте за големи нешта и живејте го секој ден како да ви е последен. Не ја одложувајте радоста и не се оптеретувајте со каење.
- Никогаш не губете надеж. Јас го сретнав својот сопруг на 37 години и го родив својот син следната година. Чекањето вредеше.
- Ослободете се од токсичните луѓе во вашиот живот. Дури и ако тие се дел од вашето семејство.
- Ако не ви се допаѓа каде живеете, престанете да се жалите и преселете се.
- Не е можно пречесто да им кажувате „Те сакам“ на саканите личности.
- Пронајдете активности кои уживате да ги практикувате со вашиот партнер. Тие ќе ви помогнат кога ќе поминувате низ тешки периоди, кога не сте расположени, по породувањето...
- Учете од своите грешки. Не ги повторувајте.
- Избирајте ги вашите битки внимателно и ретко. Најчесто има простор за компромис и во ред е понекогаш да им дозволите на другите да „победат“ за да го зачувате мирот.
- Пребрзо осудуваме, а никогаш не сме доволно брзи со давањето комплименти. Бидете дарежливи со пофалбите и покажувањето благодарност.
- Хранејќи некој друг со добар оброк, може да си ја нахраните душата. Научете одлично да зготвите барем неколку јадења.
- Не е важно само тоа што сакате да го кажете, туку и тоа како ќе го кажете.
- Понекогаш е тешко да си искрен, но тоа никогаш нема вистински негативни последици.
- Помалку зборувајте, повеќе слушајте.
- Не се извинувајте за тоа какви сте. Луѓето имаат почит кон автентичноста и нормално е да не им се допаѓате на некои лица.
- Не очекувајте луѓето да ви ги читаат мислите. Кажете им што мислите и што чувствувате. Комуникацијата е многу полесна кога ќе ги отстраните претпоставките.
- Никогаш повторно нема да бидам работохолик. Работењето 80 часа неделно и живеењето на кафе и цигари ме разболи и две години ме врза за кревет. Работата не вреди толку многу за да си го жртвувате здравјето.
- Тешко е да се научите да барате помош, но е и неопходно. Дозволете им на другите да ви помогнат (но не станувајте беспомошни).
- Одвреме-навреме нормално е да имате лош ден. Но, не заборавајте дека вие ја поседувате моќта да имате повеќе добри отколку лоши денови. Среќата е избор.
- Не мора постојано да ви се допаѓаат сите луѓе. Не се чувствувајте потиштено поради тоа.
- Простувајте. Речиси никогаш не е лесно да простите, но откако ќе го сторите тоа, ќе ви биде полесно на душата.
- Помагајте им на оние кои немале толку среќа како вас во животот.
- Издвојте време за да им пратите SMS-порака или e-mail или пак да им се јавите на луѓето кои ви значат за да им речете „Мислам на тебе. Се надевам дека си добро.“ На секого му е убаво да знае дека некој друг мисли на него одвреме-навреме.
- Не можете да ги промените другите. Единствено можете да се промените себеси.
- Не се плашете да испробате нешто ново. Стекнете нови способности, јадете егзотична храна, запознајте нови пријатели и излезете од својата комфорна зона.
- Бидете дел од вашата локална заедница.
- Има време и место за користење на лекови за болка.
- Правете многу фотографии. Често споделувајте ги со луѓето кои ги сакате.
- Бидете добар учител. И чувствувајте се почестени ако сте во позиција да подучите некого за нешто.
- Не ги оценувајте луѓето според првиот впечаток. Можеби имаат лош ден. Дајте им втора шанса. Или трета.
- Вашето минато ве оформува како личност, но не ве дефинира.
- Смејте се често. И вие и луѓето околу вас ќе се чувствувате подобро.
- Единствените нешта за кои вреди да се вознемирувате се болест и загуба. Во споредба со нив, повеќето од вашите грижи нема да изгледаат толку големи.
- Доброто здравје е основа за сè во животот. Не го земајте здраво за готово. Нека ви стане приоритет пред да биде предоцна.