Почетна » Новости » Занимливости » 4 природни состојки кои прават чуда за лицето

4 природни состојки кои прават чуда за лицето

Во потрага по совршено лице, огромен дел од времето посветуваме на експериментирање и тестирање милион различни производи кои денес се нудат на пазарот. А кога имате проблематична кожа, склона кон создавање акни кои подоцна се протвораат во лузни, секоја секунда вреди богатство!

Дерматолозите велат дека клучот е во состојките, и во начинот на кој ги применувате во негата на Вашето лице. И бидејќи нема ништо подобро од она што го нуди природата, за овој тип најсоодветни се камилицата, маслото од чајно дрво, мангото и алое вера.

Young Derm

Камилицата е растение кое со векови се користи поради своите лековити својства, како одвнатре, така и однадвор. Кога станува збор за кожата, камилицата е одличен антиоксидант и прочистувач кој ја смирува кожата истовремено задржувајќи ја нејзината влажност и еластичност.

Маслото од чајно дрво е познато како магичното дрво на австралиските Абориџини кои уште пред многу години го користеле како антисептичен третман кој ги лекува раните, изгорениците и сите други кожни проблеми. Токму затоа, ова растение е одлично при третман на веќе постоечки акни.

Мангото, иако e несекојдневно овошје за нашето поднебје, бидејќи потекнува од Индија, изобилува со витамин Ц и во негата на кожа се користи за спречување „црнки“ (комедони), за заштита од стареење и за сјајна и мазна кожа без пори.

Последно, но не и помалку важно е растението Aloe Vera, кое, потекнувајќи од неиздржливите промени на афричката клима, ја лади и смирува кожата и помага во задржувањето на нејзината влажност и еластичност.

Импресивни сами по себе, но незаменливи кога делуваат како дел од цела колекција за нега! А за добивката да биде уште поголема, не мора да патувате ни до Австралија, ни до Индија и Африка, нити пак да се искачувате на планина во потрага по камилица, бидејќи сите овие состојки се содржат во Yоung Derm колекцијата за нега на кожа. Како производ кој доаѓа од Алкалоид, компанија со долгогодишна традиција, Young Derm е клинички испитана колекција која можете да ја најдете во сите аптеки и добро снабдени супермаркети.

Убаво, чисто и достапно!

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.