Почетна » Новости » Занимливости » 26 животни правила од мајка за нејзината ќерка

26 животни правила од мајка за нејзината ќерка

„Ако тогаш го знаев она што го знам сега“ – оваа фраза ја инспирирала Џори Верни да создаде листа со совети за животот за нејзината ќерка.

Американската блогерка, која е мајка на две деца и основачка на блогот Close to Classy, сподели мудрости кои треба да ги почитува секоја припадничка на понежниот пол.

Мајка
  • Никогаш не е доцна да го направиш она што е правилно.
  • Биди смела, но остани скромна.
  • Никогаш не оди гладна на пазарување во супермаркет.
  • Потроши ги парите за фустанот по кој копнееш.
  • Никогаш не пропуштај шанса да кажеш некому што чувствуваш. Ако сакаш некого, кажи му.
  • Твоите зборови имаат огромна тежина, избирај ги мудро.
  • Живеј сама, барем накратко.
  • ОК е да грешиш, НЕ Е ОК да бараш изговори.
  • Ако го знаеш одговорот, крени рака.
  • Никогаш не се задоволувај со помалку од она што го заслужуваш.
  • Кармата постои. Не биди злобна девојка.
  • Секогаш бори се против неправдата.
  • Никогаш не се извинувај за она што си. Ти си совршена.
  • Навивај за „послабиот“.
  • Користи крем за заштита од сонце.
  • Слушај ги претчувствата, дури и кога не се поклопуваат со она што ти го велат главата и срцето.
  • Знај ја разликата меѓу несогласување и расправија.
  • Изеди ја тортата.
  • Секогаш носи екстра ластиче за коса.
  • Не дозволувај некој да се однесува лошо кон тебе. Ги учиме луѓето како сакаме да нè третираат преку тоа што го прифаќаме нивното однесување.
  • Секое патување започнува со еден чекор. Биди доволно храбра да го направиш првиот чекор.
  • Ништо не може да те ограничи повеќе од затворен ум.
  • Не се потценувај себеси, твоите способности се бескрајни.
  • Петок навечер е за нарачки на храна за дома. Понекогаш и вторник навечер исто така.
  • Барај помош кога ти е потребна. Ти си независна жена, а не суперхерој.
  • Сакај се себеси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25884 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.