Почетна » Новости » Занимливости » 255 мајки заедно позираа додека ги доеја дечињата со цел да го нормализираат доењето во јавност

255 мајки заедно позираа додека ги доеја дечињата со цел да го нормализираат доењето во јавност

Стотици мајки се собраа на исто место за да ја подигнат свеста за доењето.

255 мајки ги доеја своите деца додека позираа пред фотографката Алисија Самон со цел да го нормализираат доењето на јавно место. Бидејќи доилките честопати се осудувани кога ги цицаат бебињата во јавност, преку фотографиите Алисија апелира луѓето да започнат да ги поддржуваат мајките без разлика каде ги дојат нивните малечки.

Август беше месец за подигнување на свеста за доењето, па таа постојано споделуваше факти и фотографии поврзани со него.

Мајки Мајки

255 мајки се појавија и испишаа историја. Испративме важна порака, што беше и наша цел.

Сите овие мајки дојдоа на температура од 40 степени за да изјават нешто пред светот јасно и гласно. А тоа е нормализирање на доењето. Апсолутно нема ништо табу поврзано со доењето. Нема табу поврзано со доењето во јавност.

Нешто ново што го искусив оваа година беше тоа што прашав неколку мајки дали ќе дојдат и тие ми одговорија: „Не, јас само се измолзувам“ или „Посакувам да дојдев, но само се измолзувам“ или „Јас не дојам. Добивам донирано мајчино млеко“.

Чекај... ШТО? Па, вие сè уште ги доите вашите деца. Не е важно КАКО го доиш детето, ти сè уште го храниш од твоите (или нечии) гради. И тоа треба да се нормализира.

Ние не само што ги нормализираме сите типови на доење, туку нормализираме и тоа да се прави во јавност во секое време, на секое место, на каков било начин.

Доење во јавност.
Доење додека јадете.
Доење на масата.
Доење во паркот.
Доење во трговски центар.
Доење на работа.
Доење на забава.
Доење во редицата.
Доење во присуство на луѓе.

Срцето ми се стопли и се наежив од бројот на жени кои ми кажаа дека за првпат дојат на јавно место. Среќна сум што се почувствуваа доволно безбедни за да го направат тоа на овој настан и се надевам дека ќе го направат и на друго јавно место кога бебето ќе им биде гладно.

До сите жени кои ја гледаат оваа фотографија...

Овие мајки ви го чуваат грбот. Тие ќе застанат зад вас ако ве видат. Ќе ве поддржат. Ќе се борат за вас.

Заедницата на мајки кои дојат е многу силна низ светот и оваа армија мајки ќе се бори за да имате безбедно место за да го нахраните бебето кога тоа има потреба.

Заедно стоиме за да ја подигнеме свеста. Стоиме тука за да ви го покажеме нормалното и неверојатното нешто што го прави вашето тело. Ги храни нашите бебиња, нашите деца и туѓите деца.

Некои од овие мајки седеа заедно со нивните донори на млеко. Некои се испумпуваа. Други доеја. Некои доеја деца поголеми од една година, а други бебиња стари 53 часа. Некои го хранеа бебето со шише со мајчино млеко. Некои ги доеја децата во тандем.

Но, сите тие имаат иста цел. Да го нормализираат доењето и доењето во јавност.

Па, ако видиш мајка која дои, покажи ѝ љубов. Прашај ја дали ѝ треба вода или помош во туркањето на количката. Нема потреба да зјапаш и да правиш да ѝ биде неудобно. Кажи ѝ дека е на безбедно место. Покажи и кренат палец и насмевни ѝ се. Ќе ѝ значи цел свет. Ти ветувам.

До сите мајки... Вие сте воини. Само видете што прави вашето тело. Погледнете ја оваа фотографија и соберете сила и храброст. Имате поддршка околу вас. Не го заборавајте тоа никогаш.

Алисија

Алисија е мајка на три деца и постојано се залага за подигнување на свеста за доењето.

Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.