Почетна » Новости » Занимливости » 18-годишната активистка Грета Тунберг на насловната страница на „Вог Скандинавија“

18-годишната активистка Грета Тунберг на насловната страница на „Вог Скандинавија“

Грета Тунберг ја имаше честа да ја добие насловната страница на првото издание на „Вог Скандинавија“.

За списанието, 18-годишната активистка, која веќе неколку години се бори да ја подигне свеста за климатските промени, сними фотосесија во природа со омилените животни – коњите.

Грета Тунберг

Во интервјуто, Тунберг ја критикуваше брзата мода и нејзиното влијание врз климатските промени.

„Модната индустрија има огромно влијание за климатските и еколошките кризи. Уште повеќе и на сметка на безброј работници кои се експлоатирани низ целиот свет, за некои да уживаат во брзата мода, што многумина ја третираат како еднократна употреба“ – вели таа.

„Ако купуваш брза мода, тогаш ти придонесуваш за таа индустрија и ги охрабруваш да се прошируваат и да го продолжуваат штетниот процес. Последниот пат кога купив нешто ново беше пред три години и беше од втора рака. Јас едноставно позајмувам нешта од луѓето кои ги познавам“ – додава Грета.

Грета Тунберг

„Сакам да реагирате како што би реагирале во криза. Да се однесувате како нашата куќа да гори. Бидејќи навистина гори“ - објаснува Грета.

Младата девојка зборуваше и за теориите на заговор и приказните кои за неа кружат низ светот. „Не можам да водам евиденција. Секој ден има барем по една нова теорија на заговор за мене. Една секунда сум американски шпион, следната сум руски агент, потоа комунист, а потоа екстремен капиталист. Во една секунда сум контролирана од моите родители, не можам да размислувам за себе, а во следната сум злобно манипулативно мало дете. Овие теории не се совпаѓаат и тоа е она што е забавно“ – признава Грета.

Грета Тунберг

Грета првпат го привлече светското внимание во 2018 година, кога на 15-годишна возраст го напушти училиштето за да протестира пред шведскиот парламент, барајќи од владата да ги намали емисиите на јаглерод. По краток период, таа покрена движење за подигнување на свеста за климатските промени и денес е една од најпознатите активистки за заштита на животната средина. Таа три години по ред беше номинирана за Нобелова награда за мир.

Грета Тунберг

Грета за првпат научила за климатските промени кога нејзина наставничка на час пуштила филм за последиците – гладни поларни мечки, екстремни временски услови и поплави. Тогаш, Грета имала 11 години и паднала во длабока депресија. Престанала да зборува и јадела премалку, што ѝ влијаело негативно на развојот. „Не можев да разберам како може тоа да постои, таа егзистенцијална закана, а нам да не ни е приоритет“ - вели таа.

Екстремната реакција на Грета се должи на нејзината дијагноза Аспергеров синдром, што значи дека таа не ги процесира информациите како невротипичните луѓе. „Го гледам светот во црно или бело и не сакам да правам компромиси. Ако бев како сите други, ќе си го продолжев животот и немаше да ја видам оваа криза“ - објаснува таа.

Грета Тунберг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11189 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.