Почетна » Новости » Занимливости » 16 нешта кои повозрасните жени сакаат да им ги кажат на младите

16 нешта кои повозрасните жени сакаат да им ги кажат на младите

Мудроста доаѓа со годините. Големиот број свеќички на роденденската торта значат побогато животно искуство и знаење. Имајќи го тоа на ум, Маргарет Менинг им дала задача на посетителките на својот сајт за повозрасни жени „Sixty and Me“ да споделат совети за жените кои се двојно помлади од нив.

Жени

Запомнете дека имате само еден живот – ова не е генерална проба.

Обидете се да останете позитивни и барајте го доброто во секое животно искуство.

Живејте го секој ден до максимум, бидејќи не знаете што следува.

Не грижете се за стареењето; грижете се за тоа да не станете здодевни.

Возраста е само цифра – таа не ве дефинира вас како личност.

Имајте деца кога ќе имате желба за тоа – не постои совршено време за создавање на семејство.

Не се опседнувајте со брчките. Кога ќе започнат да ви се појавуваат линии по лицето, гледајте на нив како на мапа на вашиот живот.

Купувајте класична облека – таа секогаш е во мода.

Сакајте ги и почитувајте ги своите деца и партнерот онака како што копнеете тие да ве сакаат и почитуваат вас.

Прифатете ги промените на вашето тело и на вашиот ум кои настапуваат со стареењето.

Правете многу фотографии – ќе ги цените кога луѓето кои ги сакате нема да бидат покрај вас.

Не трошете си време грижејќи се за нештата кои не можете да ги промените, туку менувајте ги нештата кои можете да ги промените.

Ако сте во лоша врска, излезете од неа брзо – не можете да промените друга личност.

Научете се да се шегувате на сопствена сметка. Не бидете сериозни!

Ако имате деца, сакајте ги, но не се обидувајте да бидете совршена мајка.

Бидете благодарни за секој нов ден, дури и за лошите денови. Од сите нив можете да извлечете поуки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.