Почетна » Новости » Занимливости » 1000 новогодишни пакетчиња за децата од цела Македонија

1000 новогодишни пакетчиња за децата од цела Македонија

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија веќе деветта година по ред организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Од 24 до 28 декември, волонтерите на Фондацијата ќе организираат новогодишни претстави и ќе им поделат новогодишни пакетчиња на 1000 деца низ Македонија.

Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно. Се посетуваат установи во кои престојуваат деца без родители, деца со телесен инвалидитет, со оштетен слух и вид, деца со посебни потреби, како и деца од социјално загрозени семејства.

Деца

Оваа година, Новогодишниот карван ќе ги посети: СОС Детското село, Дневниот центар за деца со церебрална парализа „Монтесори“, Раселени деца во Студентски дом „Стив Наумов“, Дневниот центар за деца со аутизам – Железара, Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен слух „Кочо Рацин” во Битола, Дневниот центар за деца со ментална ретардација во Ресен, Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во Скопје, ПОУ Златен Сремец, Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Дневниот центар за деца со аутизам во Струмица, Заводот за заштита на телесно инвалидни деца и младинци „Партение Зографски“ – Бања Банско, Меѓаши –дневниот центар за деца од улица, Детската хирургија, Детската клиника и Козле детската болница.

Во оваа акција учествуваат волонтери, вработени лица во Т-Мобиле и Македонски Телеком, кои се дел од Фондацијата. Караванот се организира секоја година, уште од самото основање на Фондацијата во 2002 година.

Фондација Т-Мобиле за Македонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10396 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.