Почетна » Новости » Животни стории » Шестдецениска љубов: Додека смртта не ги раздели

Шестдецениска љубов: Додека смртта не ги раздели

Две фотографии за помалку од 24 часа допреа до над милион луѓе, затоа што покажуваат шестдецениска љубов, недопрена од предизвиците кои ги носи животот.

На фотографиите се прикажани Џејмс и Лорета Бурк на нивниот свадбен ден и 64 години подоцна во болница.

Лорета и ЏејмсЛорета и Џејмс

„Тие имаа најдлабока љубов“ – изјавила нивната внука Колин Малдун.

Џејмс и Лорета се запознале по Втората светска војна. Во 1945 година Џејмс се вратил дома по 35 успешни воени мисии низ Европа. Негов сосед го запознал со Лорета и тој веднаш посакал таа да му биде сопруга. Но, Лорета инсистирала да дипломира. „Таа дипломира во вторник, а се омажи за него во сабота“ – раскажала Колин. Нивниот брак траел 64 години.

Среќниот пар има девет деца кои завршиле факултет, се омажиле или ожениле. Разводот е непознат збор во големото семејство. Ниту една од петте ќерки и ниту еден од четирите синови не е разведен. Колин верува дека тоа се должи на убавиот пример за среќна врска кои го поставиле Џејмс и Лорета.

„На секоја од свадбите на неговите ќерки, тој велеше дека најубавото нешто што можете да го направите е да не престанувате да ја сакате мајката на вашите деца“ – раскажала Колин.

Деветте деца им подариле на Џејмс и Лорета 23 внучиња и 5 правнучиња.

Пред неколку години докторите откриле дека Лорета има Алцхајмерова болест. „Кога таа започна да заборава, тој ги памтеше сите родендени и дипломирања. Мојата баба беше тврдоглава на почетокот, но на крајот разумот започна да ја напушта, што беше многу тешко да се гледа“ – изјавила Колин за Huffington Post.

Кратко време откако деменцијата започна сериозно да го помрачува умот на Лорета, која во моментов има 84 години, на Џејмс му бил имплантиран пејсмејкер на срцето.

„Тој всушност живееше за неа. Беа како една личност по толку долго време поминато заедно и тој не сакаше да се откаже затоа што знаеше дека ѝ е потребен“ – рекла Колин.

Во последните моменти од животот, Џејмс напишал инструкции во тестаментот со кои ја осигурал иднината на својата сопруга. Тој ѝ го обезбедил на Лорета најдобриот третман за лица со Алцхајмерова болест.

Кога починал на 13 ноември, тој имал порака за семејството кое будно стоело над неговиот кревет. „Тој рече дека оди дома и дека сите ќе нè сретне повторно“ – раскажала Колин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.