Почетна » Новости » Животни стории » Чудо во Лондон: Мајка го фрлила своето бебе од 10-тиот кат за да го спаси од пожарот, смел маж го фатил

Чудо во Лондон: Мајка го фрлила своето бебе од 10-тиот кат за да го спаси од пожарот, смел маж го фатил

Мајка го спасила своето бебе во пожарот во Лондон откако го фрлила низ прозорецот од 9-тиот или 10-тиот кат на опожарената кула Гренфел, а смел маж од толпата успеал да го фати.

Жена, која била очевидец на настанот, раскажа за неверојатната случка пред насобраните новинари.

Според Самира Ламарани, мајката прво избезумено им гестикулирала на луѓето пред зградата дека ќе го фрли своето бебе за тие да бидат подготвени да го фатат, а потоа навистина го направила тоа. За среќа, тоа завршило во рацете на човек кој истрчал за да го спаси.

Судбината на мајката на спасеното бебе не е позната.

Видео

„Видов безброј луѓе. Најмногу деца, кои со своите високи гласови ќе останат со мене долго време. Можев да ги слушнам како врескаат за своите животи“ – рече Самира.

Друга жителка на зградата раскажала за друга жена која го фрлила својот 5-годишен син од прозорецот од 5-тиот или 6-тиот кат. И тој преживеал, но имал неколку скршеници и модрици.

„Имаше луѓе кои едноставно ги фрлаа своите деца надвор викајќи: Спасете ми ги децата“ – рекла жена-очевидец.

Преживеаните го опишаа ужасното искуство како „пекол на земјата“.

Пожар Пожар Пожар Пожар Пожар Пожар Пожар Пожар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.