Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Црн брачен пар доби бел син со руса коса

ФОТО: Црн брачен пар доби бел син со руса коса

Кога пред 11 недели се родил малиот Даниел, сите околу него го гледале со ококорени очи и неверување. Знаејќи дека двајцата негови родители се припадници на црната раса, докторите биле особено изненадени од белата кожа и русата коса на малото бебе.

И родителите на Даниел биле шокирани од неговиот нежен изглед, бидејќи очекувале дете кое ќе наликува на нивниот двегодишен син, Сет. Но, малиот Даниел бил огромно изненадување.

„Мојата прва мисла беше: Wow, навистина ли е мој?“ – признал таткото, Францис Чибангу.

Арлет и Францис со двата сина - Даниел и СетАрлет и Францис со двата сина – Даниел и Сет

Еве што раскажал Францис во интервју за британскиот Mirror:

Бев премногу вчудоневиден за да зборувам и можев да ги видам докторите како се гледаат еден во друг, мислејќи си дека бебето не може да е мое. Тогаш се погледнавме со Арлета, се насмевнавме и знаев дека е мое дете. Со жена ми сме заедно 3 години и никогаш не постоел сомнеж за неверство, но неговата бела кожа беше во најмала рака изненадување.

Кога се наведнав и го бакнав, ги видов подобро неговите црти на лицето и забележав дека тој е ист како мене и Арлет. Тој го има мојот нос и усните на жена ми.

Знам дека ќе има луѓе кои ќе кажат дека мојата жена имала афера, но јас целосно ѝ верувам и знам дека не е така. Дури и да имала афера со бел маж, би се родило дете од мешана раса со црна коса, а не бело бебе со мека руса коса како на малиот Даниел.

Сè што можеме да кажеме е дека Даниел е нашето чудо. Иако сме шокирани од неговата бела кожа, се чувствуваме многу благословени. Тој е прекрасен.

И Арлет, 25-годишната сопруга на Сет, раскажала за шокантниот момент кога се родил Даниел:

Зјапав во Даниел со ококорени очи. Лицата на докторите и сестрите кажуваа сè. Сите се прашуваа зошто имам бело бебе. Но, кога медицинската сестра го стави неговото розово тело во моите раце, веднаш се поврзав со него. Кога го погледнав, почувствував само љубов. Како и секоја мајка која штотуку родила, мојата најголема грижа беше дали тој е здрав, што и е.

Имаше еден краток момент кога бев загрижена, но мојот сопруг ме сака и ми верува, па знаев дека сè ќе биде во ред. Никогаш не сум го изневерила Францис и никогаш нема ни да го сторам тоа..

Докторите потврдиле дека бебето не е албино. Парот верува дека белата кожа на Даниел е поврзана со пра-пра-пра-прабабата на Арлет, за којашто мислат дека родила бело бебе. „Тоа било пред 6 генерации и не сме сигурни дали е точно“ – дополнил Францис.

„Луѓето гледаат во нас мислејќи: Што прави црн пар со бело бебе? Сигурен сум дека има и луѓе кои мислат дека го имаме украдено. Но, за нас не е важна бојата на неговата кожа. Најважното нешто е дека имаме здраво мало момче кое го сакаме многу. Го нарекуваме наше специјално бебе, тој е наш подарок“ – објаснил среќниот татко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11061 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.