Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Предебели сестрички кои не можеле да се движат сами проодија за првпат без помош

ФОТО: Предебели сестрички кои не можеле да се движат сами проодија за првпат без помош

Сестрички од Индија, кои беа предебели за да се движат сами, ги направија првите чекори. 5-годишната Јогита и 3-годишната Амиша до пред три месеци тежеле 47 и 33,5 килограми соодветно, но благодарение на строга диета препишана од докторите, успеале да намалат по 6 килограми од својата тежина.

Фотографиите од нивните први чекори го обиколија светот.

Јогита и Амиша Јогита (десно), Амиша (лево) и нивниот татко Рамешбаи Јогита и Амиша Јогита и Амиша Јогита и Амиша

Животната сторија за двете сестрички и нивниот 18-месечен брат Харш, кој исто така страда од прекумерна тежина, ја допре светската јавност пред неколку месеци. Тогаш, таткото на децата Рамешбаи изјави дека е подготвен да продаде бубрег за да ги плати трошоците за лекување на ќерките и синот. Рамешбаи заработува само 35 фунти месечно и сите ги троши за храна за своите деца.

Пред да ослабат, Јогита, Амиша и Харш се вбројувале меѓу најдебелите деца на светот, а храната која ја јаделе за една седмица била доволна за да се прехранат две семејства цел месец. Само за еден ден, сестричките Јогита и Амиша консумирале 18 чапати (индиски лепчиња), речиси 1,5 кг ориз, две чинии супа, 6 пакувања чипс, 5 пакувања бисквити, 12 банани и еден литар млеко.

Јогита и Амиша Јогита и Амиша Јогита и Амиша

И покрај огромното количество храна кое го внесувале, Рамешбаи и неговата сопруга сфатиле дека ќеркичките имаат здравствен проблем откако им се родило третото дете Харш. Исто како и неговите сестри, Харш започнал нагло да се дебелее во првата година од животот.

„Започнавме да бараме лекарска помош и консултиравме многу доктори, но тие само ќе нè препратеа во поголеми болници кои не можев да си ги дозволам“ – рекол таткото, кој работи сè што ќе најде само за да ги прехрани своите деца, додека неговата сопруга го минува денот во готвење.

Јогита и Амиша Јогита и Амиша Јогита и Амиша Јогита и Амиша Јогита и Амиша

Сега, семејството конечно може малку да здивне, бидејќи нивните деца одлично напредуваат. Локалните доктори сметаат дека тие страдаат од Прадер-Вили синдром, кој е виновен за константното чувство на глад.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.