Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Парот кој не дозволи рак да им го попречи патот кон брачен живот

ФОТО: Парот кој не дозволи рак да им го попречи патот кон брачен живот

Мари Мекинстрај е исправена пред огромен здравствен проблем – рак на мозокот. Но, на љубовен план таа може да се смета за вистинска среќничка, бидејќи до себе го има совршениот животен сопатник, Нејтан Лазур.

Мари Нејтан

Мари и Нејтан не дозволија страшната болест да им го попречи патот кон брачен живот. На нивниот свадбен ден Мари блескала од среќа и зрачела со живост, не дозволувајќи никој ни да претпостави дека само 30 дена претходно операција на мозокот ѝ ја одзела способноста да оди.

Имено, таа била принудена да ја направи четвртата од седумте операции на мозокот кои се клучни фактори за успехот на нејзината мачна битка. Две недели пред големиот ден, Мари морала да оди на рехабилитација за повторно да научи да оди. Никој не знаел дали таа ќе може да оди, па нејзиното чекорење до олтарот за присутните бил најемотивниот момент од свадбениот ден.

Мари Нејтан Мари Нејтан

„Кога ја видовме таа убава девојка како чекори до олтарот, сите започнавме да плачеме“ – изјавила Џој Мери, братучетка на невестата за Huffington Post.

Пријателството на Мари и Нејтан преминало во љубов во есента 2011 година, а во април 2012 година таа ја добила лошата вест дека има рак. Кон крајот на истата година парот ја прославил свршувачката без да знае што носи иднината.

Мари Нејтан Мари Нејтан

Оние кои добро ги познаваат младенците се едногласни дека Нејтан е олицетворение на безусловната љубов. „Нејтан вели дека постои на оваа земја за да се грижи за Мари... и токму тоа и го прави. Тој спие покрај неа во одделот за интензивна нега... Бескрајно сум му благодарна на Нејтан и навистина верувам дека тој е ангел. Несебичната љубов и грижа која ѝ ја дава на Мари е повеќе од сè што досега сум видела“ – додала Џој.

Мари Нејтан Мари Нејтан Мари Нејтан Мари Нејтан Мари Нејтан Мари Нејтан

Свадбата се одржала во април, а околу 30 пријатели и роднини биле присутни кога Мари и Нејтан се заколнале на вечна љубов. Веднаш потоа Мари направила уште две операции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.