Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Жена со години ги криела дамките од витилиго со шминка, а сега гордо си го покажува лицето

ФОТО: Жена со години ги криела дамките од витилиго со шминка, а сега гордо си го покажува лицето

Поранешен модел, кој повеќе од една деценија си го криеше вистинскиот изглед зад шминка, сега со гордост го покажува лицето пред светот. Таа има една цел, а тоа е да инспирира и други лица да се сакаат себеси онакви какви што се.

Бриен Рајс Бриен Рајс

Бриен Рајс имала само 19 години кога заболела од витилиго, кожна болест при која кожата го губи пигментот и како резултат на тоа се појавуваат бели дамки. Засрамена од својот изглед, таа започнала да троши многу време и пари за да го скрие својот проблем од околината со помош на шминка.

„На почетокот сакав да изгледам нормално, па ја криев мојата кожа каде и да одев. Ми требаа 45 минути за да се нашминкам наутро. Целта на мојата работа беше да бидам привлечна и самоуверена и чувствував притисок да изгледам совршено“ – вели Бриен.

Но, неодамна 31-годишната Американка решила да престане да им дозволува на несовршеностите да ѝ го контролираат животот и преку текст и фотографија на Instagram се отвори пред светот за својот проблем.

„Сега наместо да се срамам, научив да бидам она што сум. Знам дека не сум совршена и го користам тоа за да инспирирам други жени. Сите имаме стравови и се споредуваме со другите, но мораме да научиме да си ја сакаме сопствената кожа и да не се чувствуваме како да не заслужуваме љубов“ – инспиративно објаснува Рајс.

Бриен Рајс Бриен Рајс Бриен Рајс

Прочитајте го нејзиниот текст на Instagram:

На 19 години ми беше дијагностицирано витилиго, кое се прошири брзо, а како последица изгубив повеќе од половина од пигментот на моето лице. Не на мојот задник или на стапалото или на раката... САМО на моето лице.

Станав многу вешта во нанесувањето на шминка, зашто не сакав никој да знае за тоа. Не можев да се погледнам во огледало без да заплачам и се чувствував многу непривлечно. Кога се сончам, сонцето ми ја потемнува здравата кожа, правејќи го моето витилиго уште поизразено. Ми требаше многу време за да го кажам ова јавно и да излезам во јавност без шминка.

Зошто? Затоа што се работи за моето лице. Иако сакам да речам дека сум многу самоуверена и дека тоа не допира до мене, понекогаш допира. Има денови кога луѓето ми дофрлаат коментари како: „Што ти се случи со лицето?“ Кога ќе ми се допадне некој се грижам дека штом ќе ме види без шминка, нема да мисли дека сум слатка повеќе. Но, не можам да направам многу околу тоа, освен да се сакам себеси и да не дозволувам околностите да ја дефинираат мојата вредност. Што е всушност дефиниција за убавина? Дали е да бидеш совршена? Што гледаш кога ќе се погледнеш себеси во огледало? Можеби има нешто што прави да се чувствуваш несигурно? Не дозволувај тоа да те определува. Заслужуваш љубов и си убава.

Бриен Рајс Бриен Рајс

„Вашите верувања за вас самите стануваат вистина. Вашето мислење за вас не само што е најважно, туку е единственото кое е навистина важно. Вие сте убави, прекрасни и совршени токму онакви какви што сте. Убавината значи да се сакате и прифаќате себеси со целата ваша уникатност. Кога конечно ќе го направите тоа, чувството е магично“ – пишува Рајс.

Бриен Рајс Бриен Рајс

Видео

A video posted by BreannRice (@breannerice) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.