Почетна » Новости » Животни стории » Учителка водела скромен живот, донирала 8,4 милиони долари

Учителка водела скромен живот, донирала 8,4 милиони долари

Маргарет Саутерн инспирира илјадници луѓе со своето големо срце. Добродушната пензионерка живеела скромно, па многумина биле изненадени кога дознале дека оставила 8,4 милиони долари за хуманитарни организации кои им помагаат на деца со посебни потреби, се залагаат за подобро образование на децата и се борат за похуман однос кон животните.

Маргарет Саутерн

Саутерн, која починала на 94 години, водела скромен живот и возела стар автомобил од 80-тите години. Пред пензионирањето, работела како учителка со деца со посебни потреби во Де Мојн, Ајова. Кога починал нејзиниот сопруг, таа наследила сè што тој поседувал. Потоа се преселила во Гринвил, Јужна Каролина, за да се грижи за својот брат кој боледувал од Паркинсонова болест. По неговата смрт, Маргарет живеела сама со своето куче.

Само неколкумина блиски на Маргарет знаеле дека таа повремено инвестира во акции и на тој начин го зголемува своето богатство.

Покрај дарежливата донација, Маргарет оставила и одредена парична сума за свои роднини и пријатели. „Таа беше најдарежлива“ – изјавил нејзиниот правнук Бил Саутерн.

Неколку години пред смртта, Маргарет му рекла на Бил дека не сака погреб, ниту пак да биде објавено во весник дека починала. Таа побарала да биде кремирана – сакала да замине од овој свет тивко како што и живеела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.