Почетна » Новости » Животни стории » Тинејџерка не знаела дека е бремена додека не ја родила ќерка си на подот од кујната

Тинејџерка не знаела дека е бремена додека не ја родила ќерка си на подот од кујната

Деветнаесетгодишна девојка ја родила својата ќерка на подот од кујната, бидејќи до самото породување не знаела дека е бремена. Таа го сподели своето искуство во искрен текст за „stuff“.

Ема Крофтс-Вилсон од Нов Зеланд сфатила дека ќе стане мајка откако ја здогледала главата на бебето како излегува. Во текот на бременоста нејзините менструални циклуси биле нередовни, но таа не се ни посомневала дека може да е во блажена состојба.

Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-ВилсонЕма Крофтс-Вилсон во бременоста

Ема била сама дома кога започнало породувањето и ја родила ќеркичката Хана-Мари на подот од својот дом. Претходната вечер, таа имала болки во грбот и стомакот, но се напила лекарства против болка и продолжила со своите вообичаени активности без да знае дека е бремена 39 недели.

„Не знаев што се случува. Само почувствував убод и кога погледнав долу видов глава. Тогаш сфатив. Во следниот момент, имав бебе во рацете. Бев сама дома и немаше никој околу мене. Не ни знаев дека сум бремена додека не ја видов нејзината глава како излегува. Се разбира, бев преплашена.“

„Бев шокирана и не знаев што да мислам, но успеав да ѝ ја сечам папочната врвца со кујнска ножица и да ја завиткам во крпа. Потоа се обидов да ја исчистам крвта“ – рекла Ема.

Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-Вилсон

Породувањето на новата мајка траело околу седум минути и таа изгубила многу крв. Хана-Мери се родила на 11 февруари минатата година.

Откако се породила, исплашената девојка ѝ испратила СМС порака на мајка си со текст: „Те молам не ми се лути, но јас штотуку родив бебе. Не знам што да правам, те молам помогни ми“.

„Таа ми се јави и ми рече: „Ти мора да се шегуваш“, но јас не се шегував. Додека ја чекав да дојде дома, сè што ми се вртеше низ глава беше да ја исчистам крвта. Докторите ми рекоја дека изгубив еден литар“ – рекла Ема за The Sun.

Прва во домот пристигнала мајката на Ема и ја нашла на подот со бебето в раце. „Нејзината прва реакција беше да падне на колена и да се изнаплаче зашто и самата не знаеше што да прави. Потоа дојде татко ми откако ја зеде сестра ми од училиште. Првото нешто што ми го рече беше: Погледни, бебе. Чие бебе е тоа? Се разбира дека беше во шок што гледа новороденче во рацете на мајка ми“ – напиша таа.

Ема Крофтс-Вилсон Ема Крофтс-Вилсон

Ема била пренесена на болница, каде докторите се погрижиле за нејзината рана.

Ема Крофтс-Вилсон

Бебето се родило во одлична здравствена состојба и тежело 2,9 килограми. Тоа најверојатно никогаш нема да го запознае својот татко, бидејќи тој бил со Ема само една вечер и таа тврди дека не го знае неговото име.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.