Почетна » Новости » Животни стории » Тинејџерка која во бременоста се здебелила само 1,5 кг дознала дека е трудна 2 часа пред да се породи

Тинејџерка која во бременоста се здебелила само 1,5 кг дознала дека е трудна 2 часа пред да се породи

Шарлот Томсон го доби најголемото изненадување – стана мајка иако не ни се сомневала дека може да е бремена.

Шарлот

Младата Британка дознала дека ќе има бебе само 2 часа пред породувањето, бидејќи во текот на бременоста немала никакви симптоми, редовно добивала менструација и се здебелила само 1,5 килограм.

Шарлот ТомсонШарлот во СЕДМИОТ месец од бременоста

„Стомакот ми беше целосно рамен и редовно добивав менструација, па беше шок за мене кога дознав. Не верував дека сум навистина бремена додека не се породив. Беше страшно да станеш мајка без предупредување. Но, не би ја заменила Моли за ништо на светот“ – рекла Шарлот, која се породила пред две години, на 19-годишна возраст.

Шарлот ТомсонШарлот со малата ќерка

Една ноќ Шарлот се разбудила со силни болки во стомакот. Се напила парацетамол со надеж дека болката ќе се смири, но апчето не помогнало. Кога отишла во тоалет, видела дека долната облека ѝ е со крв, па повикала такси за да оди во болница.

Веднаш по првиот преглед, таа ја добила шокантната вест дека е бремена и дека веќе започнале породилните болки. „Бев загрижена што ќе речат моите родители кога ќе дознаат дека ќе имам бебе. Прснав во солзи кога тие пристигнаа и им кажав дека немав претстава дека сум бремена. Тие ми дадоа поддршка и беа возбудени што го добија нивното прво внуче“ – раскажа таа.

Само два часа по пристигнувањето во болницата, Шарлот родила девојче кое го добило името Моли. За среќа, девојчето било здраво, иако Шарлот консумирала алкохол во текот на бременоста.

Шарлот ТомсонНа левата фотографија Шарлот е во вториот, а на десната во третиот месец од бременоста Шарлот ТомсонШарлот во четвртиот месец од бременоста Шарлот ТомсонНа левата фотографија Шарлот е во шестиот, а на десната во осмиот месец од бременоста

Пријателите на младата мајка не можеле да поверуваат дека таа се породила, затоа што до последниот ден немала истакнато трудничко стомаче.

„Таткото на Моли е мој бивши кој повеќе не е вклучен во нашите животи, но јас добивам голема помош од родителите околу бебето“ – изјавила Шарлот за британска медиумска агенција.

Шарлот Шарлот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10284 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.