Почетна » Новости » Животни стории » Тажна вест: Почина македонскиот драматург Горан Стефановски, еден од татковците на „Бушава азбука“

Тажна вест: Почина македонскиот драматург Горан Стефановски, еден од татковците на „Бушава азбука“

Горан Стефановски замина меѓу македонските легенди. Имаше 66 години.

Познатиот драматург, кој стоеше зад „Диво месо“ (1979), „Лет во место“ (1981), „Тетовирани души“ (1985) и „Црна дупка“ (1987), почина во Велика Британија.

Стефановски беше автор и на култната ТВ серија „Бушава азбука“. Всушност, за следната година беа најавени нови епизоди од популарната серија за најмладите.

Горан Стефановски

По студирањето драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрираше на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“, Горан работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа и како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.

Во последните години од животот, тој живееше и работеше во близина на Лондон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10494 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.