Почетна » Новости » Животни стории » Свадбениот ден на заљубени младенци кои знаеле дека наскоро ракот ќе ги раздели засекогаш

Свадбениот ден на заљубени младенци кои знаеле дека наскоро ракот ќе ги раздели засекогаш

Љубовта не познава пречки и граници. Заљубени партнери со насмевка на лицето стапиле во брак и покрај тоа што имале броени месеци заедно. Младоженецот ја изгубил битката со ракот 4 месеци подоцна и бил погребан на датумот на кој тие планирале да направат свадба пред да ја дознаат веста за болеста.

Видеото од најсреќниот ден од животот на Канаѓаните Соломон Чау и Џенифер Картер деновиве кружи на интернет за да покаже дека љубовта е посилна од сè.

Имено, Соломон и Џенифер во декември минатата година започнале да ја планираат својата свадба за 22 август оваа година, но набрзо Соломон дознал дека има рак на црниот дроб. Следувала операција, која докторите рекле дека била успешна. За жал, во март тој бил одведен во болница поради силни болки во стомакот, каде му кажале дека ракот се проширил и дека најверојатно нема да преживее до свадбата.

Одлучни дека сакаат да ја крунисаат својата љубов со брак, Сол и Џенифер преку страницата GoFundMe собрале средства и ја презакажале свадбата за 11 април. Свадбениот ден бил исполнет со насмевки и изненадувања за младенците. „Беше весело. Смеа и насмевки. Од првиот момент кога Сол ја виде Џен, тој само зборуваше за тоа колку убаво изгледа таа. И двајцата сјаеја од среќа“ – напишаа свадбените фотографи за младенците.

Соломон и Џенифер Соломон и Џенифер Соломон и Џенифер

Соломон починал 128 дена подоцна, на 17 август, а бил погребан на 22 август, датумот кој требало да биде негов најсреќен ден.

Џенифер со емотивен пост ја објави жалната вест на Facebook.

Ми се крши срцето што го објавувам ова.

Денес почина најневеројатната личност која некогаш сум ја познавала, по 8-месечна битка со рак. Сол се бореше долго и даде сè од себе. Неговиот оптимизам и смислата за хумор ми помогнаа мене и на нашите најблиски да не полудиме во овој период. Никогаш не можеме да му бидеме доволно благодарни за тоа.

Тој се бореше до последен здив, а сите негови доктори ги нишаа главите со неверување за тоа колку тој може да поднесе. Не сакам да го замислам светот без Сол во него.

Сол, никогаш нема да дознаеш колку големо влијание имаше врз мене. Со она низ коешто поминавме во изминативе месеци ме научи да не дозволувам ниту еден ден да помине залудно. Секогаш ќе ти бидам должна за тоа што ми покажа што е вистинска љубов. На 26 години научивме повеќе за љубовта отколку што некои ќе научат цел живот.

Заедно требаше да ги изживееме следните 60 години од нашите животи, но сепак благодарна сум му на Бог што ни ги даде овие неверојатни 8 години. Ти си сè што можев да посакам од еден сопруг и повеќе и засекогаш ќе го имаш моето срце.

Соломон и Џенифер Соломон и Џенифер Соломон и Џенифер Соломон и Џенифер

Сол и Џен биле заедно од 2007 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.